Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека вечерва во 20 часот и 47 минути до системот „192“ било дојавено дека е поставена бомба во Парламентот, јавија српските медиуми.
– Вечерва околу 20 часот и 47 минути е пријавена бомба во системот „192“ во Народното собрание. Контрадиверзантските екипи се веднаш испратени на местото на настанот и ќе извршат целосен увид во објектот – изјави министерот Дачиќ. Вечерашната дојава доаѓа по бурен ден во Парламентот, во кој имаше серија инциденти, а пратениците од опозицијата фрлаа чадни бомби, палеа факели и прскаа со пена за гасење пожар. Според власта, повредени се три пратенички.