Министерството за туризам на Бугарија започна голема меѓународна рекламна кампања на каналите Нешнл Џиографик и 24 Kичн, дел од Волт Дизни Компани ЛТД и Варнер Брос. Кампањата е за промоција на Бугарија како дестинација за конгресен, кулинарски и вински туризам.
„Ова е уште еден чекор во нашата стратегија да ја претставиме Бугарија како дестинација со богат културен и кулинарски потенцијал. Виното и гастрономијата, заедно со конгресниот туризам, се клучни елементи во развојот на нашиот туристички сектор и создавање искуства кои остануваат во срцата на посетителите. Екипа од групата на телевизискиот гигант помина неколку дена во Бугарија, специјално за ова партнерство, за да сними два клипови од 30 секунди кои ја промовираат нашата земја во клучните области на туризмот „Вино и гастрономија“ и MИЦЕ (Средби, настани, конференции и изложби).