17.8 C
Скопје
30/05/2025 09:02
МАКТЕЛ

     

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Европскиот фронт пробива топол ходник кон власта

      

ВМРО-ДПМНЕ го прифати барањето на Европскиот фронт за комисија што ќе ја следи правичната застапеност во државната управа, иако таква надлежност има Комитетот за односи меѓу заедниците. Дали поддршката од Европскиот фронт на законските измени за реорганизација на министерствата во Владата, ќе резултира со паралелно работно тело во Собранието или е тоа само „завеса“ зад која предводникот на фронтот, ДУИ, се обидува да си обезбеди заветрина во новата политичка констелација?

Прашањето се наметна по петочната средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и Европски Фронт, на која од Фронтот информирале дека ќе гласаат (и гласаа) за усвојување на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со која се предвидува реогранизација на министерствата. Она што привлече внимание во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, е дека во рамки на таа средба се разговарало и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата, но и она што било прифатено.

   

„Притоа беше прифатено барањето на коалицијата Европски Фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со претседател предлог на опозицијата, којашто ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието“, беше наведено по средбата.

Нов состав на македонскиот парламент: иако оди во опозиција, Европскиот фронт даде поддршка за усвојување на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа

На средбата присуствувале Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, а од Европскиот фронт – Мендух Тачи, Блерим Беџети, Фатон Ахмети и Елми Азири.

Дуплирање на работни тела

Нема објаснување каква е потребата од формирање ад хок тело за тоа прашање, кога со таква надлежност е постоечкиот Комитет за односи меѓу заедниците, како постојано работно тело на Собранието. Неговата правна поставеност и неговите надлежности произлегуваат од Уставот, поточно амандманот XII. Комитетот го избира Собранието, а го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците на Собранието, Македонци и Албанци и по еден член од пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нама пратеници, тогаш Народниот правобранител по консултации со релевантните претставници на тие заедници предлага други членови на Комитетот.

Во 2007 година донесен е Закон за Комитетот за односи со заедниците, со кој детално е уредена неговата надлежност, вклучувајќи го и она што го побарал Европскиот фронт. Во членот 9 од тој Закон, меѓудругото, се наведува дека Комитетот разгледува прашања во врска со односите меѓу заедниците во земјата, а особено ја следи и имплементацијата на принципот на соодветната и правичната застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и во другите јавни институции на сите нивоа.

Не за Русија – да за Владата!

Тогаш, каква улога би имала комисија со иста надлежност во посочениот сегмент? Барањето на Европскиот фронт во јавните изјави некаде се коментира „во ракавици“, некаде без нив.

Добро е што за прашањето за реорганизација на министерствата дел од Демократската унија за интеграција (ДУИ) покажа дека може да биде и конструктивна опозиција, коментираа од Вреди и се осврнаа и на посочената комисија.

„Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок. Формирањето ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт“, порачаа од „Вреди“.

Демократската унија за интеграција покажа дека може да биде и конструктивна опозиција, коментираа од Вреди

Но, според бројни јавни коментари, ДУИ само бара начин како да ги омекне односите со водечката партија во власта откако размени остра реторика во текот на изборната кампања, и да си обезбеди „топол ходник“ или „понтонски мост“ кон власта.

Изет Меџити, претседател на Демократското движење кое е дел од Коалицијата Вреди, на Фејсбук даде негово видување за поддршката на законските измени од страна фронтот, а барањето за формирање ад хок комисија го нарече очајнички изум.

„Фронтот ‘Не за Русија – да за Европа!’ стана Фронт ‘Не за Русија – да за Владата!’ (…) Леснотијата со која пратениците на ДУИ се согласија да ги поддржат законите на мнозинството, покажува дека единствено што ги интересира е како да си направат капа за Владата, макар и како патерица за парламентарното мнозинство. Формирањето ад хок тело за правична застапеност, очајнички изум за оние кои 20 години имаа можност да обезбедат фер застапеност, но не го направија, говори дека ДУИ е подготвена да прифати се, па и вмровската милостина, само да остане во сенка на моќта“, напиша Меџити.

Според него, гласањето ја покажало дволичноста на фронтмените на фронтот, флексибилноста на нивните ставови и расположението да се биде во владата во која било варијанта, само да се биде!

 

   

Најново

Украина тврди дека руски дрон го погодил пристанишниот град Измаил, на границата со Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВ ПАТ ВО БИТОЛА СЕ РАСПАЃА?!?!

Sase Ivanovski

Пресврт во Италија: Конте донел конечна одлука!

Sase Ivanovski

Рубио до Муцунски: Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет проценти од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Филипче најави санкции за советниците: Дел од досегашните не си ја вршеа добро работата

Sase Ivanovski

Сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци, бара Здружението на инженери

Sase Ivanovski

Југозападна Африка ја погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени

Sase Ivanovski

Ќе се вработуваат 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Sase Ivanovski

Законот за локална самоуправа на пленарна седница

Sase Ivanovski

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан

Sase Ivanovski

Планот на САД предвидува 60-дневен прекин на огнот во Газа и ослободување на 28 израелски заложници

Sase Ivanovski

САД во ОН: Путин треба да го прифати предлогот за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

Макрон: Европа треба да го „заостри својот став“ кон Израел, ако не ја ублажи хуманитарната криза

Sase Ivanovski

Во нападите на руски беспилотни летала во Харков и Запорожје, загинаа две, а шест лица беа ранети

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд

Sase Ivanovski

Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск

Sase Ivanovski

ЦРНА ПРОГНОЗА ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Дури 7 милиони нови работни места ќе исчезнат оваа година, и за тоа само еден човек е виновен

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ РАБОТИ ПОДОЛГО ОД 8 ЧАСА? Лавина реакции за идејата да се воведе максимално неделно работно време

Sase Ivanovski

ОВДЕ Е РАЈ ЗА БАЛКАНЦИТЕ: Има одлични плати и услови за живот

Sase Ivanovski

МЛАДИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ И ПОНАТАМУ ВО ФОКУСОТ – се носи нов Закон за земјоделство, еве што е пропишано за помош во секторот

Sase Ivanovski

Сте виделе ли слики од Газа на Google maps?

Sase Ivanovski

ЏЕЈ ЗИ НАПРАВИЛ СМЕТКА ОД 90.000 ДОЛАРИ Луѓето бесни поради бакшишот од 11.000 долари, малку е!

Sase Ivanovski

СОНЦЕТО ЌЕ НÈ ПОЧЕСТИ ЗА ВИКЕНД Утре ќе има слаб дожд и многу облаци

Sase Ivanovski

ЃОКОВИЌ ПОЈАК ОД БОЛКИТЕ И ОД КОРЕНТИН МУТЕ Српскиот ас со „една нога“ го победи Французинот

Sase Ivanovski

Делови од Карпош, Центар и Ѓорче Петров во петок и до пет часа ќе немаат струја

Sase Ivanovski

Најден е тефтерот на газдата на „Пулс“ Дејан Јованов, се знае кому сè плаќал мито, откри Коцевски

Sase Ivanovski

Трипуновски тврди дека има „сериозни поместувања“ во земјоделството

Sase Ivanovski

Панчо е осомничен за пиротехниката, но во моментот нема да се води постапка за него поради неговата здравствена состојба

Sase Ivanovski

(Видео) Што кажа директорот на АНБ во интревју за „360 степени“за тоефлот од Пловдив по неговото назначување за директор на АНБ

Sase Ivanovski

Се запали локомотива на патнички воз меѓу Миравци и Смоквица

Sase Ivanovski

Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп

Sase Ivanovski

Студентите во блокада во Србија в недела на протести низ градови во целата држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Sase Ivanovski

Ова се најчестите причини зошто браковите и врските се распаѓаат

Sase Ivanovski

Вучиќ: Белград и Москва формираа работна група за извоз на муниција од Србија во Украина

Sase Ivanovski

Некои од најтоксичните предмети во домот

Sase Ivanovski

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

Sase Ivanovski

Топ-листа: 25 најдобри нудистички плажи во светот

Sase Ivanovski

Рубио на средбата со Муцунски побарал НАТО сојузниците да поддржат до пет проценти извојување од БДП за одбраната

Sase Ivanovski

Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток

Sase Ivanovski

На денешен ден пред 34 години: „Црвена ѕвезда со голот на Дарко Панчев стана шампион на Европа

Sase Ivanovski

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СКОПЈЕ 2014 … И ПОТОА“ ОД ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Поминаа 10 години од славниот „проект“ и од „револуцијата“ која сакаше да раскрсти со него

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани во Мадрид на средба со ГенСек на Меѓународна фондација за јавна администрација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците пет месеци немаат добиено плата, бараат средба со премиерот

Sase Ivanovski

Свесно ја угушил партнерката – Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци

Sase Ivanovski

Од 1 јуни венчавки ќе има во „Порта Македонија“

Sase Ivanovski

ГАШИ НА ПРВАТА ГОДИШНИНА ОД МАНДАТОТ:  СОБРАНИЕТО НЕ Е ХРАМ НА ВЛАСТА, ТУКУ ДОМ ЗА СИТЕ 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дигитално описменување на лицата од третата доба во Општина Карпош

Sase Ivanovski

Трпаноски: Организацијата на ЕП во џудо е извонредна можност за промоција на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИМА ЛИ ОД ОВА ПОГОЛЕМА ИНСПИРАЦИЈА: Девојка победи на трка без две нозе, со протези

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Владата брзо реагираше по несреќата во Кочани, финансиска поддршка за семејствата е исплатена и од Буџетот и од Црвениот крст

Sase Ivanovski

Италијанскиот амбасадор Палминтери: Верувам дека пречките помеѓу Скопје и Софија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица во која ќе гласа и дијаспората

Sase Ivanovski

Герасимовски: Се подготвувам за втор мандат, имаме одличен план и програма

Sase Ivanovski

Сте виделе ли слики од Газа на Google maps?

Sase Ivanovski

Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово в сабота без вода поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Ристески: Со Оперативниот план за активни програми за вработување годинава ќе опфатиме повеќе од 16.000 лица, годинава фокусот е на младите лица

Sase Ivanovski

Затвореници од струмичкиот затвор отидоа во театар, ја проследија комедијата „Стилист“

Sase Ivanovski

Спасовски: Дали ќе се отстрануваат дивоградбите во Чаир?

Sase Ivanovski

ЗА ЧАС И ПОЛОВИНА ОД СКОПЈЕ ДО БИТОЛА Со нетрпение се очекува изградбата на втората делница од патот

Sase Ivanovski

Нова димензија на „патлиџан туризмот“, со полн фрижидер – ем се сончаш, ем си ручаш!

Sase Ivanovski

НОВИОТ ГУВЕРНЕР СЛАВЕСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДЕНАРОТ Е ПРЕЦЕНЕТ, НО КУРСОТ НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ТУКУ ЌЕ СЕ ПЕГЛА СО ПОМАЛА ИНФЛАЦИЈА Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам во спротивното, порача новиот гувернер

Sase Ivanovski

МУЦУНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО РУБИО ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ Работна посета во САД по повод 30 години од Дејтонскиот мировен договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПАСОВСКИ: Дали се исплатени средствата на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митрески: Славески ќе остане запаметен по изјавите ‘ немојте да ја зголемувате минималната плата‘

Sase Ivanovski

Мицевски: Договорот на Македонија со Обединетото Кралство во вредност од 6 милијарди евра носи нови инвестиции, развој за инфраструктурата, здравството, образованието и енергетскиот сектор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: За Славески 9 илјади денари беше висока плата, ама сега ќе има 300 илјади денари плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ИЗНЕНАДЕН СУМ ШТО ВЛАДАТА УСПЕА ДА НАПРАВИ ВАКОВ ПОВОЛЕН ДОГОВОР СО ЗЕМЈА ОД СВЕТСКО РЕНОМЕ КАКО БРИТАНИЈА

Sase Ivanovski

МЕЏИТИ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА АРСОВСКА Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините

Sase Ivanovski

ПРОНЕВЕРА ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Финансиската полиција уапси едно лице

Sase Ivanovski

АТАК ЗА ТРЕТА ПОБЕДА ВО КАВАДАРЦИ Јанчев тргнува во нова битка со силна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СЕ ЗАМОНАШИ ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО ВАТИКАН Ѓоко Ѓорѓевски сега е монах Георгиј

Sase Ivanovski

КНИГИ НА МИСИРКОВ, ПУЛЕВСКИ, КОНЕСКИ… БИЛЕ УНИШТЕНИ СО ХАКЕРСКИ НАПАДИ ВРЗ МАНУ Најважните стари книги за македонскиот јазик повторно се на интернет

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: ЕУ интеграцијата на Западен Балкан до 2030 година е задничка обврска на регионот и Унијата 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Ни треба специјална анти пожарна единица, при гасењето на пожарите забележав пожарникари во лоша физичка кондиција а некои имаа и фобија од оган

Sase Ivanovski

СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

САД нема да издаваат студентски визи – се бара проверка на кандидатите на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

„СКЕНИРАЧИ“, ИМАЈТЕ ТРПЕНИЕ, КАКО СЕ ОБРАБОТУВААТ НАЛОЗИТЕ, ТАКА ЌЕ ВИ ЛЕГНУВААТ ПАРИТЕ – од МојДДВ за прв квартал граѓаните ќе бидат побогати за 12,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година

Sase Ivanovski

Министерство во Газа: 67 мртви и 184 ранети во Појасот Газа во последните 24 часа

Sase Ivanovski
Вчитувам....