Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени. Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно. Јавноста сè уште нема добиено конкретни информации и одговори од надлежните институции: Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата?
До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници? Молкот на институциите е загрижувачки. Истрагата мора да одговори за тоа: Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви? Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот?
Одговори и одговорност наместо селективност. Обврска на државата е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори. Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој.