УХМР информира дека до четврток, претежно во попладневните часови, ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе биде од 10 до 27 степени.