Во местото Петка кај Лазаревац, Србија земја денеска се урнала при копање канал за парно, при што биле затрупани тројца мажи, од кои двајца биле извлечени, додека во тек е потрага по уште едно лице, дознава „Блиц“.
Неофицијално при одронот бил затрупан и пожарникар кој набрзо бил извлечен. На местото на настанот излегле 20 пожарникари со шест возила и двајца членови на Специјална екипа за урнатини.