Авион на Кроација Ерлајнс, кој утрово од Загреб полетал кон Франкфурт, се вратил по само 20 минути лет на аеродромот „Фрањо Туѓман“.
Авионот бил вратен поради погрешна индикација на техничка неисправност, но превентивно се вратил. Набрзо одново полетал за Франкфурт. Станува збор за турбопропелерски авион „Даш 8“ со регистарски таблици 9А-ЦКА кој е во флота на националниот хрватски авиопревозник од 2008 година.