„Државниот грб ги задоволува сите потреби и во целост ја отсликува современата иконографија на Македонија“, рече вечерва лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостување на „Сител“. Тој вели дека многу европски земји, вклучувајќи ја и Словенија, користат грбови од поствоениот период и дека ваквите теми не треба да бидат приоритет.
„Грбот датира од 1946 година и претрпел две модификации, но и понатаму ги симболизира историјата, природните богатства и различноста на Македонија. Димитриевски истакна дека фокусот треба да биде насочен кон економскиот развој, борбата против корупцијата и евроинтеграциите, наместо кон промени на грбот, химната или знамето“, рече Димитриевски.
Говорејќи за односите во коалицијата, тој рече дека тие се принципиелни, но и дека „секој партнер има свои политики и ставови“. Во однос на претстојните локални избори, Димитриевски најави дека ЗНАМ ќе учествува со советнички листи во општините каде што има свои организации и ќе соработува со ВМРО-ДПМНЕ. За неговата кандидатура за нов мандат како градоначалник на Куманово, вели тој, ќе одлучат анализите и ставот на граѓаните.