Од деталите кои ги објави Обвинителството за отворената истрага за трагедијата во Кочани, се забележува дека Државниот пазарен инспекторат цели 5 години не влегол во дискотеката „Пулс“ за да изврши контрола.
-Поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и во периодот од 09.01.2020 година до 16.03.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови наведени во барањето за Лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре, и другите пропишани услови согласно закон, со што овозможиле Кабарето ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, наведуваат од Обвинителството.