Нема да не запрат никакви закани, ниту еден предмет нема да стои во фиока и се што е конфискувано ќе оди таму каде што е најпотребно, кај нашите граѓани, порача Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот кој даде отчет за сработеното од март кога бил поставен на функција.Тој појасни дека Агенцијата управува со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети со правосилна одлука во кривична и прекршочна постапка, како и трајно одземени предмети во управна постапка.
– Нема да остане непроцесиран имот. Само ни треба време. Имаше многу предмети кои се чуваа во фиока. Наидовме на тешки предмети, со проблеми. Мојот став е сѐ што е стекнато од криминалцците да го дадеме на тие што го заслужуваат. Факт е дека ни треба кадар. Имаме околу 55 вработени, а за да биде како што треба, ни недостигаат уште 40 вработени– рече Небиу.
Небиу рече дека кога дошол на функција начекал преполни магацини со одземена роба која била натрупани без соодветно да биде чувана, имало и расипана и со истечен рок.
– Вработените несебично се зафатија со работа, најголем дел исчистивме и тоа што беше употребливо го дониравме на институциите со што се направија заштеди во државната каса – рече Небиу.
Според информациите од Царинската управа станува збор за непревземена одземена стока сместена во јавните цариснки складови и магицините на царинската управа во вредност од околу 3 милиони евра.Директорот информираше дека од остварените продажби пак, од март до крајот на декември во Буџетот се внесени 1.162.000 евра. Притоа, продадени се 20 моторни возила и 10 станбени објекти.
– Отстапени се и 150 возила на државни органи, институции, министерства, општини, јавни претрпијатија и јавни здравствени установи, и со тоа е придонесено државниот буџет да заштеди преку 500.000 евра – појасни Небиу.
Тој потенцираше и дека за хаварисаните возила, за прв пат во 15 години од постоењето на Агнцијата, извршивме транспарентно пресирање на возилата со видео запис на целиот процес.Небиу посочи дека во многу улилишта, институции, градинки направени се значајни донации, со што им се подобрени условите за работа.
– Отстапени се 200.000 парчиња разна стока: обувки, облека, храна, училишен прибот, текстил, техничка опрема, кујнски прибор, градинарски алати и друго на државни органи, јавни установи, училишта, затвори и други институции. Пакети им беа доделени на 15.000 ученици, а уште 5000 ученици на кои ќе им бидат доделени на почеток од 2024 година. При овие донации, остварени се пасивни средства односно заштедено е во државниот буџет 438.128 евра – рече директорот.
За наредната година, Небиу рече дека посакува поголем буџет на Асгенцијата затоа што имаат многу работа.Други ветуваа, но јас го стартував бројчаникот Небиу потсети дека минатата влада ветуваше дека ќе направи бројчаник кој ќе покажува како се продава конфискуваниот имот, но тоа не го релаизира.
– Презадоволен сум што јас тоа го направив. Бројчаникот секој ден го отчукува одземениот имот. Не е важно дали некој е функционер, или нешто друго – рече Небиу.