Репрезентацијата на Данска утре ја очекува финалето на Светското првенство во кое ќе ја имаат фаворитската улога против селекцијата на Хрватска. Хрватите сепак нема да излезат со бело знаме, а дека ќе се борат до последен здив порача ветеранот Домагој Дувњак.
„Имаме медал, чувството е фантастично. Ќе уживам во натпреварот, се надевам на крајот ќе си заминеме со злато. Данска е фантастична, ќе биде тешко и не чека вистинска војна. Тие трчаат 60 минути, но верувам дека ќе успееме да ја наметнеме нашата игра“, изјави Дувњак.