Сметаат дека „Владата, која треба да биде гарант на евроатлантската ориентацијата на земјата, станува закана одвнатре. Руски наративи се бранат од владини функционери, се гласа против Украина, Додик се дочекува како почесен гостин, а Охридскиот Мировен Договор речиси една година е предмет на систематска агресија“.
„Европската перспектива е замрзната, граѓаните се демотивирани и разочарани, илјадници ја напуштаат државата или бараат пат до Европа преку други пасоши, додека соседите чекорат напред во интеграциите. ДУИ ги повикува сите политички и општествени фактори да не дозволат овие тешко стекнати достигнувања да бидат избришани. Преспа и ОМД не беа само компромиси, беа избор за иднината. А денес, повторно мораме да избереме: ќе дозволиме ли оваа генерација да биде генерација на поништување, или ќе станеме глас за заштита на европската иднина?“ е ставот на ДУИ.
Интегративците велат „Особено загрижува улогата на остатоците на ВРЕДИ, кои ги предадоа суштинските вредности што ги застапуваа Албанците со децении , вредности на европеизација, рамноправност и демократска зрелост. Наместо да бидат глас на напредокот, тие се претворија во алатка на манипулација, легитимизирајќи политики што директно ја уриваат проевропската ориентација на државата“.