Демократската унија за интеграција соопшти дека со длабока загриженост ја следи „координираната кампања за дискредитација на последниот попис на населението“, процес кој ДУИ го смета за законски, транспарентен и целосно мониториран од домашни и меѓународни набљудувачи.
-Оваа кампања не е случајна. Таа е дел од поширок обид за ревизија на сите постигнувања од последната деценија, за организирање нов попис според нови политички агенди, со цел враќање на системската нееднаквост. Тоа е опасен обид за поткопување на темелите на соживот, за реализација на етноцентристички и aлбанифобски агенди и за рушење на кревките меѓуетнички односи – соопшти ДУИ.
ДУИ остро го осудува овој процес и порачува дека секој што ќе се обиде да го загрози уставниот поредок, Охридскиот договор, етничката еднаквост и соживотот, ќе сноси политичка, правна и морална одговорност.
-Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени. Мирот, еднаквоста и соживотот се црвени линии, зад кои ДУИ секогаш ќе стои цврсто – нагласува опозициската ДУИ.