Според ДУИ, власта ја води државата во погрешен правец и граѓаните сѐ погласно бараат ново политичко преиспитување. „По клучните прашања од стратешки интерес, власта се соочува со целосен пораз на приоритетите кои самата ги престави како државен интерес, што несомнено треба да резултира со предвремени парламентарни избори. Водени од популистичките мотиви во пресрет на претстојните локални избори, власта целосно го отстрани „Европското досие на земјата“ и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ“, се вели во партиското соопштение.
Партијата смета дека нема преговори и власта целосно го заробила правосудниот систем, па го ставила во лична и партиска фунција, а воедно на јавна сцена демонстрира дисциплина и надвластување и врз Јавното обвинителство и врз Судската власт. „Оваа неприродна состојба создава јасна и недвосмислена потреба кај граѓаните за политичко преиспитување на Власта. На државата ѝ е потребна долгорочна политичка стабилност што единствено може да се обезбеди преку одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните“, завршуваат од ДУИ.