Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата да го именува Петар Бојојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус“. Од партијата велат дека назначувањето на личност која, како што истакнуваат, целата своја јавна и политичка кариера ја изгради на навреди и омаловажувања на Албанците, претставува директна провокација не само за Албанците во Македонија, туку и за самата европска идеја во земјата. -Посебно е иронично и трагично што овој поединец е предмет на кривична пријава токму од ВЛЕН, а денес со нивна поддршка е награден со лидерска функција. Овој чин е јасен сигнал: навредите кон Албанците не само што не се санкционираат, туку се наградуваат и со државни функции. Ова е опасна порака дека секој што сака да гради политичка кариера треба само да го понижи албанскиот народ.
-Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска. Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите, објави меѓу другото лидерот на Македонски концепт. Богојески на функцијата доаѓа на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020 година.