По повoд повикувањето на информативен разговор на екс министри за економија Ваљон Сарачини, Беким Незири, Дритон Кучи, како и екс директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и сегашниот директор на Дирекцијата Џевад Селами, со соопштение се огласија од ДУИ.„Денес, албанскиот народ во земјава е под напад од институциите на сопствената држава коишто се целосно заробени од политичките и етноцентристички интереси на Власта.
За да се заштитат себе си и своите, Премиерот, Министерот за внатрешни работи и Јавниот обвинител еднострано ја насочија истрагата против Албанците кои на било каков начин и било кога биле дел од институциите на системот. Јасно изјавуваме дека денес против Албанците е прогласена еднострана и неправедна агресија, без разлика дали станува збор за ДУИ, за албанските партии во Власта или за Албанците воопшто. Ова не е правда, ова е одмазда за вклучувањето на Албанците во институционалните текови! ДУИ ќе ги преземе сите потребни мерки за да се спречи продолжувањето на овој напад и да се обезбеди правда за албанскиот народ во земјава.“, велат од ДУИ.