Демократската унија за интеграција најостро го осудува решението на Централниот регистар, како државна институција, за прием на осум нови вработени без ниту еден Албанец меѓу нив, иако институцијата сѐ уште не ја има исполнето уставната обврска за правична и адекватна застапеност. Овој развој е директна последица на укинувањето на Балансерот, механизам што беше суштински за обезбедување еднаквост и мултиетничка застапеност во јавната администрација- стои во соопштението од ДУИ.
-Наместо да се подобри состојбата, таа намерно и системски се влошува. ДУИ потсетува дека ваквите практики претставуваат тешко кршење на Уставот и Охридскиот рамковен договор, и ги подриваат темелите на демократскиот соживот и европските вредности. Упатуваме итен повик до моноетничката влада веднаш да го прекине овој опасен тренд и да ги врати механизмите на еднаквост и правда во државните институции. Што се однесува до т.н. остатоци од ВЛЕН во Владата, јасно е дека никој не ги прашува, ниту пак им бара мислење за каква било институционална одлука. Тие немаат ниту влијание, ниту авторитет. Единственото што го прават е со срамна тишина и покорност да ја легитимираат оваа дискриминаторска влада. Секој што продолжува да ја легитимира оваа влада – било со учество, било со молк – е соучесник. Оваа влада има погрешен правец, и Албанците не треба да бидат неми жртви, туку активни носители на отпорот- стои во соопштението на партијата.