Демократската унија за интеграција со длабока загриженост ја следи координираната кампања за дискредитација на последниот попис на населението, процес кој беше законски, транспарентен и целосно мониторирани од домашни и меѓународни набљудувачи.
Оваа кампања не е случајна. Таа е дел од поширок обид за ревизија на сите постигнувања од последната деценија, за организирање нов попис според нови политички агенди, со цел враќање на системската нееднаквост.Тоа е опасен обид за поткопување на темелите на соживот, за реализација на етноцентристички и aлбанифобски агенди и за рушење на кревките меѓуетнички односи.
ДУИ остро го осудува овој процес и порачава дека секој што ќе се обиде да го загрози уставниот поредок, Охридскиот договор, етничката еднаквост и соживотот, ќе сноси политичка, правна и морална одговорност.Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени. Мирот, еднаквоста и соживотот се црвени линии, зад кои ДУИ секогаш ќе стои цврсто.