25.8 C
Скопје
16/06/2025 20:51
МАКТЕЛ

   

Дургутов: Пет моменти од Светските фудбалски првенства вредни за сеќавање

      

Мијалче Дургутов е долгогодишен македонски спортски новинар кој досега известувал од осум Светски фудбалски првенства. Љубовта и страста кон мундијалите кај Дургутов датира од неговата 12 година, односно од 1974 година, кога го собрал комплетниот албум на „Панини“ (Panini) за тогашното Светско фудбалско првенство во СП Германија во 1974 година.„Оттогаш, па до денес во мојата приватна колекција ги имам сите албуми на Панини од сите одржани СП по 1974 година. Таа колекција полека ја наследува и надополнува син ми Петар кој ги собра последните два албума од Бразил и Русија, а сега го собира актуелниот за Катар“, раскажува Дургутов во интервју за ТРТ Балкан, во кое говори за најинтересните моменти кои ги доживеал за време на следењето на осум Светски фудбалски првенства.Претстојниот Мундијал во Катар кој почнува денес, на 20 ноември, ќе биде 9-ти по ред за овој спортски новинар и голем љубител на втората споредна работа на светот.

Фантастичната игра на Марадона-Приказната во врска со следењето на Светските фудбалски првенства почнала во 1990 година кога како спортски новинар во спортската рубрика на весникот „Нова Македонија“ бил на СП во Италија.„Тоа патување ќе го паметам додека сум жив по две работи: прво по фантастичната игра на Диего Армадо Марадона во дресот на Аргентина, и второ: по Франц Бекенбауер кој го освои Светското фудбалско првенство како селектор на Германија, а претходно како фудбалер и капитен го освои во 1974 година“, се присетува Дургутов и додава:„Подоцна бев на СП во САД 1994 (21 ден до финале), Франција 1998 (известував од свеченото отворање до финалето), Јужна Кореја/Јапонија 2002 година (15 дена до финале), Германија 2006 (од свечено отворање до финале), Јужна Африка 2010 (од свечено отворање до финале), Бразил (25 дена почнувајќи од свеченото отворање и единствено финале кое не го гледав), Русија 2018 (од свеченото отворање до финале). “

   

Неапол 1990: Вриеше на трибините на полуфиналето Италија-Аргентина-Според Дургутов, фудбалската возбуда, средбите со познати личности од светот на фудбалот, присуството на ФИФА конгресите, интервјуата со фудбалери и тренери, свеченостите, се некои од моментите вредни за сеќавање.„Во Неапол 1990 година го гледав полуфиналето Италија-Аргентина. Тогаш Марадона играше за Наполи, а сега мораше да игра против Италијанците. Кога излезе да се загрева на теренот, на стадионот изби „вулкан“ ! Марадона беше сакан, но и провоциран од италијанските тифози, истите кои се колнеа во него додека играше во „Калчото“. Вриеше на трибините.Тоа беше еден редок момент кој се случува еднаш во животот“, се присетува Дургутов.

Интервју со Стоичков: Пиши дека Златната топка ќе биде моја-„Второ нешто кое засекогаш ќе го паметам е интервјуто за неделниот спортски магазин СКОК со Христо Стоичков кое го направив во авионот на враќање од Њујорк до Софија, ден по финалето во САД 1994 година“, надополнува тој.
„Стоичков ме седна до него во авионот и ми даде ексклузивно интервју, прво негово како најдобар голгетер на „мундијалот“ САД 1994. Ми рече: „Пиши дека годинава Златната топка ќе биде моја!“…Тоа беше насловот во „СКОК“… И, навистина, таа година Христо Стоичков ја освои наградата на „Франс фудбал“ како најдобар фудбалер на Европа“, раскажува Дургутов.Истата година во Лос Анџелес, имал средба и кусо интервју со Мишел Платини, поранешен француски фудбалер и тренер и некогашен претседател на УЕФА„Го паметам и интервјуто со Сеп Блатер во Франција 1998 година кога со мене и десетина други новинари разговараше откако беше избран за претседател на тогаш одржаниот Конгрес на ФИФА“, истакнува Дургутов.

„Секој трет човек во Јоханесбург носеше пиштол“-На „мундијалот“ во Јужна Африка, каде присуствувал 40 дена, имал брифинзи со Жорж Веа, Фернандо Хиеро, Руд Гулит, Франц Бекенбауер, Карлос Переира …„Таму имавме ретка прилика да го видиме во живо Музејот на ФИФА, односно да ги видиме топките и копачките со кои се играло на СП од 1930 година, па се до таа 2010 година. Од тој мундијал паметам дека секој трет човек на улиците во Јоханесбург или во рестораните, продавниците, кафулињата … носеше (мал) пиштол со себе“, додава Дургутов.

Бразил 2014: Виситински хаос на улиците на Сао Поало-На СП во Бразил во 2014 година заглавил на улиците на Сао Паоло каде се возел со кола полни 4,5 часа за да помине 7.5 километри и да ја подигне новинарската акредитација. „Тогаш во Сао Паоло имаше штрајк на метрото и горе на улиците беше вистински хаос. Такво нешто никогаш претходно, ниту подоцна не сум видел. Истата година се капев на славната плажа Копакабана во Рио де Женеиро, и тоа среде зима“, се присетува Дургутов на доживувањата од „мундијалот“ во Бразил.СП во Русија 2018: Средби со легендарните Хидинк и Гигс-Додава дека на последното СП во фудбал во Русија во 2018 година, имал средби со некогашните фудбалски мајстори, поранешниот холандски фудбалер и тренер Гус Хидинк и легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, кои имале новинарски акредитации и биле специјални известувачи на одредени телевизии.

Очекувања од Светското првенство во Катар-За Светското фудбалско првенство во Катар вели дека ќе биде многу поразлично од сите досега одиграни, а прогнозира дека новиот светски првак во фудбал ќе дојде од јужноамериканскиот континент.„Нема тоа да биде некоја европска или за првпат некоја друга репрезентација која не е од Европа или Јужна Америка. Најмногу шанси му давам на Бразил кој може да состави „А“ и „Б“ тим од избраниците на селекторот Тите. Тука ја ставам и Аргентина, а како скриен тим за финалето ми е и Уругвај“, смета Дургутов.Тој го искажа своето мислење во врска со очекувањата од репрезентациите на Србија и Хрватска, кои се единствените од регионот што успеаа да се пласираат на „мундијалот“ во Катар.

„Мислам дека Србија ќе стигне до четвртфиналето, а можеби и до полуфиналето. Тие имаат две извонредни личности и карактери, тоа се селекторот Драган Стојковиќ Пикси и голгетерот Александар Митровиќ. Влаховиќ е добар, но мислам дека нема да се изнаигра на овој „мундијал“ кој бара повеќе сила и физичка издржливост, отколку техника и дриблинг. За повеќе, ценам дека Србија нема сила и квалитет, а пред се континуитет да го издржи тој ритам на играње натпревари. Хрватска е годинава послаба од пред 4 години и мислам дека нивен краен домет е пласман во нокаут фазата. Модриќ и неговите другари се „изморени“ за нови успеси“, анализира Дургутов.

   

Најново

Руски генерал предупредува : Во тек е трета светска војна, Русија веднаш треба да мобилизира милион луѓе

Sase Ivanovski

Во Хрватска има недостиг од 284 матични доктори, повеќе од сто гинеколози и педијатри

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Трамп: Ако Русија не беше исклучена од Г7, немаше да има војна во Украина

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана Кац го ублажува тонот: Израел нема намера да им наштети на жителите на Техеран

Sase Ivanovski

Трамп нуди „последна шанса“ за договор со Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – ЕУ која ќе потроши 150 милијарди евра за вооружување – ќе земе ли нешто Македонија?

Sase Ivanovski

Камион со 250 милиони пчели се преврте во САД

Sase Ivanovski

Болката од трагедиите не познава граници – Кочани и Гетеборг обединети во солидарноста

Sase Ivanovski

Почеток на нова ера: Гигантот „МАН“ сега прави електрични камиони, на иста лента со „дизелашите“

Sase Ivanovski

Русите тврдат дека уништиле украински штаб со Искандер

Sase Ivanovski

Трамповата деловна организација ја лансираше својата мрежа за мобилна телефонија „Трамп Мобајл“

Sase Ivanovski

Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе побара од ЕУ да го одложи гласањето за следниот пакет санкции против Русија

Sase Ivanovski

Иранскиот министер за надворешни работи вели дека САД би можеле да ги спречат нападите врз Израел со „еден телефонски повик“

Sase Ivanovski

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

Sase Ivanovski

Партиски извори на порталот PressOnline.al потврдуваат дека Арбен Таравари веќе остварил средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и постигнал договор за соработка за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Нема да има контрамитинг на Видовден

Sase Ivanovski

Одбележани 82 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Sase Ivanovski

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Sase Ivanovski

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Sase Ivanovski

Радев: Бугарија никогаш не поставила и не нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи

Sase Ivanovski

Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

Sase Ivanovski

Република Српска не го прифаќа британскиот план за центри за мигранти

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Израел го проби обрачот – сега целите во Техеран се на дофат, вели Нетанјаху

Sase Ivanovski

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО РАШИД БИН САИД АЛ-ХАЈАРИН,  В. Д. АМБАСАДОР НА КАТАР

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ ИМА ДВЕ ЦЕЛИ ВО ИРАН Нетанјаху ги замолува жителите на Техеран да го напуштат градот

Sase Ivanovski

„ВИЕ ПРОТЕСТ, НИЕ КОНТРА-ПРОТЕСТ“ Вучиќ закажа голем митинг за истиот ден кога студентите најавија голем собир

Sase Ivanovski

ЈА УДРИЛА СТРУЈА ДОДЕКА ГО ЧИСТЕЛА ДВОРОТ Жена од Матејче без свет донесена во кумановската болница

Sase Ivanovski

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски Исток

Sase Ivanovski

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Sase Ivanovski

Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Sase Ivanovski

Две години суспензија за грчки АЕК, парична казна за Алкалоид

Sase Ivanovski

Маж им подлегна на повредите во Солт Лејк Сити откако по грешка бил застрелан додека протестирал против политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

Sase Ivanovski

Над 96 отсто од увозните производи ни доаѓаат со камиони, можно ли е верижно поскапување на храната?

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата доделува 1.570 стипендии за дуално образование, Министерството за здравство најавува дигитализација и бесплатни скрининг прегледи, рекордна поддршка за самовработување

Sase Ivanovski

Нина угина на 19 години во ЗОО Скопје: Овој вид на мајмуни имаат 40-годишен животен век!

Sase Ivanovski

Иран одамна заслужи да биде бомбардиран, Израел има право да се брани

Sase Ivanovski

Израелската опозиција застана на страна на Нетанјаху

Sase Ivanovski

Ајатолахот умира, се подготвува наследник; Кој е навистина безмилосниот врховен водач на Иран, Али Хамнеи?

Sase Ivanovski

Иран бара од Трамп да ја скроти израелската офанзива, според „Волстрит журнал“

Sase Ivanovski

ГЕНИЈАЛЦИ, ОВА Е ПОПУЛИЗАМ ДО БЕСВЕСТ: Левица предлага работното време да се намали на шест часа дневно, а платите да останат исти

Sase Ivanovski

Израелскиот напад врз израелската државна телевизија остави неколку мртви

Sase Ivanovski

МВР тивко „крчка“ ганц-нов систем за пасоши и лични карти

Sase Ivanovski

Во Газа убиени најмалку 40 луѓе, половина од нив во близина на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош

Sase Ivanovski

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА СО РАСПАЉОТКАТА: Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази. Неговата организирана банда ќе ја види и оној што не сака да ја гледа! На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Sase Ivanovski

Информативни денови за Опеартивниот план за вработување во Велес и Неготино

Sase Ivanovski

При израелски напад погодена иранската државна телевизија

Sase Ivanovski

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ се поблиску до Олимписките игри во Лос Анџелес

Sase Ivanovski

Европскиот суд на ревизори ја започна мисијата во земјава со средба со МЕП Муртезани

Sase Ivanovski

МПЦ ОА и ИВЗ издаваат под кирија хотели ресторани станови и деловни простори но УЈП не ги оданочува?!

Sase Ivanovski

Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Муцунски: Осум македонски државјани од Израел ќе пристигнат во Скопје со авион на Владата

Sase Ivanovski

Лишени двајца возачи во Куманово затоа што управувале возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Полицаец пријавен за шпионажа – тајни од МВР завршиле во казино

Sase Ivanovski

Путин и Ердоган го осудија нападот на Израел врз Иран

Sase Ivanovski

Младата битолчанка која со нож ги избоде сопствените баба и дедо ќе одговара за обид за убиство

Sase Ivanovski

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските државјани од Израел, се чека на административни процедури

Sase Ivanovski

Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно в четврток

Sase Ivanovski

Левица: „Патриотите“ од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање Инспекторат за почитување на државните симболи

Sase Ivanovski

Израел повикува на евакуација во Техеран, најавува напад врз иранската државна телевизија

Sase Ivanovski

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме нуклеарните закани и балистичките ракети на Иран

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Заедно со ОН креираме нови можности за унапредување на соработката и поддршката на развојот на земјата

Sase Ivanovski

Стратегија или заблуда?

Sase Ivanovski

Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

Sase Ivanovski

Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ за првпат во Скопје, во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХАОС ВО ИРАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА Жителите масовно го напуштаат Техеран по израелските напади

Sase Ivanovski

Од ЗОО Скопје потврдија дека е угината мајмунка, но демантираат дека била бремена

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: Изготвивме нов Царински закон

Sase Ivanovski

Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7

Sase Ivanovski

СЕ УРНАА ДВА БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА Едно лице загина, а десетина се повредени во страшната несреќа

Sase Ivanovski

ВОЗАЧ СО 2,57 ПРОМИЛИ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Приведен скопјанец во Аеродром, ќе одговара кривично

Sase Ivanovski

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

Sase Ivanovski

Трипуновски до граѓаните: Бидете горди амбасадори на македонските земјоделски производи, така инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ: Заедно кон целта

Sase Ivanovski

ОД ОБИЧНИ МОМЧИЊА ДО ВЕЧНИ ХЕРОИ Одбележана 82-годишнина од стрелањето на 12 младинци од Ваташа

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Две години без Крешник

Sase Ivanovski
Вчитувам....