Министерот за економија и труд повтори дека Комисијата постапува спред законите за нефер трговски практики и за заштита на конкуренцијата. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши поздрави одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата за евентуалната прекршочна постапка за четири големи ланци маркети, но и против една од поголемите комори во земјава. Тие беа осомничени дека склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување.
-На секој ваков договор што е нелегален ќе му се спротивставиме според сите ингеренции што ги имаме во законот. Ја поддржуваме иницијативата и Комисијата да врши проверки на терените – посочи Дурмиши.
Прашан дали има „картелско здружување“, министерот вели дека не е надлежен за тоа и тоа е во надлежност на КЗК и треба да се остави таа да си ја тера работата до крај. -Тие се релевантни и ако кажаа дека има такво нешто, јас им верувам. Веќе известуваат дека најдени се податоци за кршење на законот, тогаш верувам дека има „картелско здружување“ – додаде Дурмиши. Тој повтори дека Комисијата постапува спред законите за нефер трговски практики и за заштита на конкуренцијата. Тие си потпишаа Меморандуми за соработка со ДПИ, додаде министерот. Инаку, неговите први информации се дека се почитува одлуката за замрзнување на маржите. -ДПИ е надлежен. Идната недела ќе имам пак состанок со нив – рече Дурмиши на брифинг со новинарите.