Тонзилектомија и тонзилоаденоидектомија
Тонзилите познати народно како крајници се орган сместен во човечкото грло и се дел од имуниот систем на организмот. Тие се орган кој постојано работи на елиминирање на патогени микроорганизми од телото како бактерии, вируси, габи и др. Со тек на време од различни причини, најчесто поради повторливи инфекции на грлото , стрептококни инфекции или проблеми со имуниот систем, доаѓа до намалување и потполно исцрпување на одбрамбената функција на тонзилите. Така тие стануваат депонија на вируси, бактерии и патогени микроорганизми кои потоа навлегуваат во нашиот организам. Во таа состојба, клетките на останатиот имун систем на нашиот организам, не можат да ги покријат тонзилите односно да навлезат во нив и да го елиминираат тој патоген детритус. Ова може да доведе до континуирани инфекции , воспаленија како на грлото, така и на останати органи во нашето тело.
Во тој случај препорачуваме отстранување на тонзилите со што овозможуваме подобра заштита на организмот од патогените микроорганизми.
Индикации за тонзилектомија се:
- чести гнојни инфекции на грлото и тонзилите,
- присуство на пиоген и бетахемолитичен стрептокок,
- слип апнеа,
- чести секреторни отитиси и воспаленија на уши и др.

Оперативниот третман се прави во општа анестезија, детето останува во болница два до три дена. По отстранување на тонзилите ложите на непцето се оставаат на самостојна регенерација на слузокожата. Тоа е период од 21 ден при што потребно е да се внимава со посебна диета која значи консумирање ладна, бела и мека исхрана во тек на 2-3 недели.
Не постои одредена возраст за одстранување на тонзилите, туку зависи од индикациите и децата над 4 години може да се оперираат.
Најдобро време за отстранување на тонзили е времето кога родителите можат една до две недели да бидат посветени на закрепнувањето на детето.
Закажете ја вашата консултација со специјалист оториноларинголог на 02 3091 484