3.8 C
Скопје
26/01/2025 11:28
МАКТЕЛ

Д-р Емил Стоицовски од Клиника Жан Митрев: Секој пациент што ќе излезе со насмевка од нашата клиника е наша најголема потврда за успех

Интервју со д-р Емил Стоицовски, специјалист по анестезиологија и реанимација и медицински директор во Клиника Жан Митрев Клиниката „Жан Митрев“ веќе 25 години претставува пример за тоа како визијата, иновациите и трудот можат да го трансформираат здравствениот систем. Со воведување на современи технологии и минимално инвазивни методи, клиниката не само што поставува нови стандарди во здравствената грижа туку и ја гради довербата на пациентите. Во ова интервју, д-р Емил Стоицовски, медицински директор на клиниката и специјалист по анестезиологија и реанимација, зборува за постигнатите успеси, најновите медицински практики и визијата за иднината.

Клиниката до 2026 година е носител на „Златниот печат“ од Joint Commission International,  признание кое го добива по трет пат. Што значи ова за Вас и за тимот на Клиниката „Жан Митрев“ во контекст на глобалната здравствена пракса?

Кога пред скоро 25 години започнувавме со работа, нашата визија водилка беше – создавање на здравствена институција што ќе ги следи највисоките светски стандарди и ќе им овозможи на нашите пациенти грижа каква што ја заслужуваат. Тогаш можеби изгледаше далечно, но постепено прерасна во цел која што етапно ја достигнувавме и надминуваме. Со секое ново унапредување на работата на клиниката, одевме чекор понатаму во подигнување на стандардите на здравствена заштита во земјава. Денес, со третата последователна реакредитација и добивање на „Златниот печат“ од Joint Commission International, ја гледаме реализацијата на тој сон и целосно достигнување на целта. Ова признание е симбол на континуираната посветеност на врвниот квалитет, безбедноста и хуманоста во здравствената грижа од сите што биле дел од Клиника Жан Митрев. Првото добивање на „Златниот печат“ е голем успех, но второто и третото кога реномирани експерти во здравствената пракса доаѓаат и проверуваат се што претходно констатирале и дали има дополнително унапредување, значи дека и во највисоките кругови, во глобални рамки веќе сте препознаени како врвна институција што има капацитет и може да постави уште повисоки стандарди и континуирано го прави тоа. За тимот, ова е повеќе од награда, тоа е потврда дека упорност, знаење и љубов кон оваа професија прават вистинска разлика. Ние работиме со луѓето и со највредното што го имаат – здравјето и тоа е нашиот поттик во зголемување на грижата и негата, во функцијата на здравјето на нашите пациенти. Горди сме што сме пример за тоа како посветеноста, визијата и трудот можат да го трансформираат здравствениот систем.

Во последните месеци, Клиниката Жан Митрев направи значителни инвестиции во нова дијагностичка опрема и технологии, како отворање на STROKE центар и рутинска употреба на современинеинвазивниметоди како радиофреквентната аблација. Како овие иновации го подобруваат квалитетот на здравствената услуга за пациентите?

Работејќи долги години и со целото искуство што го имаме зад нас,често сме соочени со трка со времето и знаеме колку значи добра и прецизна дијагностика и брза интервенција. Кога првиот пат беше отворен STROKE центарот, лично сведочев на моменти кога брзата интервенција им го спасува животот на пациентите. Технологијата ни ја дава таа моќ, како доктори и експерти да бидеме побрзи и попрецизни во борбата за нечие здравје и живот. Можноста да имаме технологија која буквално менува судбини е најголемата награда за нас како доктори и за нашите пациенти. STROKE центарот овозможува моментална дијагностика и третман на мозочни удари, додека радиофреквентната аблација значи современо решение за многу состојби и ја користиме рутински секојдневно во ангио сала при неинвазивни кардио интервенции, без класични хируршки зафати. Со ова на нашите пациенти не само што им нудиме најдобар третман, туку и надеж и нова перспектива. За мене лично, секој пациент што ќе излезе од клиниката со насмевка и нов почеток во животот е потврда дека сето она што сме го направиле е вредно и секоја нова инвестиција во медицинска опрема е уште еден спасен живот.

Вложувате и во минимално инвазивни зафати како решенија за дискусхернии без операција. Можете ли да споделите детали за успешноста и прифаќањето на овие процедури меѓу пациентите?

Кога зборувамеза пациентите кои доаѓаат со силни болки, често кај нив постои страв однеизвесноста. Минимално инвазивните зафати за дискусхернии се вистинска промена за нивниот живот. Наместо да минуваат низ долги и ризични операции, тие добиваат решение кое е брзо, безболно и ефикасно. Така пациенти кои пред само неколку дена биле неподвижни со неподносливи болки, се враќаат на работа и повторно играат со своите деца. За тоа работиме и за тоа се грижиме, за да помогнеме некому да си ја врати слободата на движењето. Повторно ќе кажам, науката, медицинската пракса и технологијата работат заедно и даваат решение за многу здравствени проблеми, само треба тоа да се примени, да се обезбеди опрема, да се обучат специјалисти и да се убеди пациентот дека спасот постои. Успехот на овие процедури, поткрепен со довербата на пациентите, е уште еден доказ дека иновациите и човечката грижа одат рака под рака.

Во изминатите месеци се прошири спектарот на услуги со акцент на неврохирургија, васкуларна хирургија и абдоминална хирургија. Што претставува приоритет во идните инвестиции и развој на клиниката?

Инвестицискиот циклус во Клиника Жан Митрев произлезе од идејата и желбата да ги поставиме темелите на еден здравствен систем кој ќе биде фокусиран на иднината. Целосно интегриран врвен здравствен систем со сите услуги на едно место. Денес имаме клиника со целосна дигитализација, нова и технолошки најнапредна опрема и тим од доктори кои се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Нашите следни чекори се насочени кон развој на онкологијата и воведување на најсовремените терапии, дигитализација на медицинските услуги и отворање на истражувачки центри кои ќе носат нови можности за пациентите и за медицинските професионалци. Секогаш се потсетувам дека сè што изградивме, го направивме со силна желба да донесеме позитивна промена во животите на луѓето. Приоритетите на клиниката остануваат фокусирани на пациентите и најдобрата можна нега, а тоа го правиме со инвестирање во иновации кои носат реална разлика и постојана едукација на нашиот тим, за да продолжиме да се надградуваме и прошируваме во функција на здравјето и животот.

Со отворањето на Центарот за мајка и бебе и инвестицијата од над 5 милиони евра, кои се новите услуги што ги нудите, и како го подобривте пристапот до грижа за трудниците и новороденчињата?

Кога ја замислувавме идејата за Центарот за мајка и бебе, мислевме на секоја мајка што заслужува поддршка, грижа и сигурност во најважните моменти од нејзиниот живот. Овој Центар не е само инвестиција, тоа е нашата желба да бидеме дел од првите чекори на секое ново семејство. Фокусирајќи се на потребата на мајката и новороденчето, создадовме центар што овозможува мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето. Новите услуги вклучуваат најсовремена неонатална грижа, индивидуализирани програми за следење на бременоста и породилна грижа, како и 24/7 поддршка од нашиот тим. Мислам дека најголемата потврда за успехот на овој центар е кога ќе видам новороденче во рацете на својата мајка, здраво и сигурно. Тоа се моментите кога сфаќате дека сите наши напори вредат.

Во центарот за стоматологија и естетска дерматологија воведовте уникатни услуги со технолошки најсовремена опрема, како вештачка интелигенција при видеодермоскопија со „Фотофајндер“. Кои се Вашите очекувања од овие услуги во однос на привлечноста за пациентите?

Никогаш не се фокусираме само на технологијата – таа е алатка. Суштината е во тоа како таа може да го промени животот на пациентите. Со воведувањето на технологии како 3Д мапирање на усната шуплина и видеодермоскопијата со Фотофајндер, создаваме нови стандарди во стоматологијата и естетската дерматологија. Ја направивме првата безболна имплантација на заби, единствено ние применуваме седатација на пациентите и интравенска потенцирана анестезија, што овозможува секој стоматолошки зафат, колку и да е комплексен и за секој пациент, да биде направен во еден акт и безболно. Тоа е работа на медицината а технологијата е алатка што го овозможува тоа. Ние, во Клиника Жан Митрев, медицинското знаење и технологијата ги применуваме во обезбедување најдобра здравствена грижа и нега. Очекуваме овие услуги не само да ги привлечат пациентите, туку и да создадат доверба кај нив, знаејќи дека кај нас ќе добијат исклучителна грижа. Овие технологии ни овозможуваат да направиме повеќе од лекување, да понудиме решение што ќе ја врати самодовербата и квалитетот на животот на секој пациент.

Соработувате со повеќе од 50 доктори од јавното здравство, а исто така тимот се надополнува со професионалци кои се враќаат од странство. Како успевате да ги мотивирате и привлечете овие медицински кадри да ја поддржат вашата визија и да останат во земјата?

Денес, со повеќе од 50 доктори од јавното здравство и професионалци кои се вратија од странство, се чувствувам благодарен што создадовме средина каде што секој член на тимот знае дека неговата работа е вредна. Создаваме култура на работа која е во интерес на пациентите, кои ќе добиваат подобри услуги, каде се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една Клиника во Македонија и каде може да го реализираат својот максимален капацитет. Ги мотивираме нашите кадри преку континуирана едукација, обуки со меѓународни експерти и создавање можности за професионален раст. Условите за работа кај нас отскокнуваат од локалните стандарди, а истовремено стандардите на организациската поставеност се рамнат со оние во многу понапредни здравствени системи во странство па дури и во приватно здравство. Но најважно, секој од нив чувствува дека е дел од нешто поголемо, визија што ја започнавме заедно и која ќе трае долго по нас.

Нашата болница е наставно-научна база за студентите од УГД Штип, каде предаваат најголемиот дел наши доктори, се пишуваат трудови, книги. Во академската надградба воспоставивме соработка со Универзитетот од Косово медицински факултет, од каде имаме двајца специјализанти на анестезија и интензивно лекување.Создавање на клиника каде докторите и младите специјалисти може да работат во заштита на здравјето и животот е нашата заложба и нашата посветеност на тоа да го подигнеме здравствениот систем во државата прво со тоа што ќе го вратиме младиот медицински персонал дома и каде заедно ќе понудиме врвна медицинска услуга.

Кое е според вас најголемото достигнување на клиниката во изминатите шест месеци, и како планирате да го одржите и проширите овој успех во иднина?

Последните шест месеци беа период на интензивен раст и големи достигнувања. Но, ако треба да издвојам едно нешто, тоа е довербата на пациентите. Од отворањето на STROKE центарот до проширувањето на спектарот на услуги, секој чекор беше направен со мисла на нив. Посебно значаен за нас и за граѓаните во овој период е актуелизацијата на ургентниот центар, кој работи секој ден 24/7, со подготвен интердисциплинарен тим лекари во кој било дел од денот и ноќта. Преку Ургентниот центар функционира и бесплатен превоз за пациенти кои ќе се хоспитализираат кај нас од кој било град од Македонија и Косово, а тоа е многу важно за пациентите и навремената реакцијата за нивната состојба. Овие заложби, ваквите решенија и проширувањето на здравствените области во Клиника Жан Митрев се повеќе од значајни достигнувања. Тоа е подобрување на здравствената нега и грижа во земјава во целост. Секој ден гледам луѓе кои ни ја доверуваат својата најголема надеж – своето здравје. Тоа за мене е најголемото достигнување. Планот за иднината е јасен, продолжуваме со истиот жар, иста посветеност, тимски дух и истата верба дека можеме да направиме промена во животите на луѓето.

Извод: Фактор.мк

Најново

Што ќе значи брзата пруга на коридорот Будимпешта – Белград – Скопје?

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас во посета на кумановската компанија – МИТ груп

Sase Ivanovski

Арктичко студенило во Чикаго и температури во -18 степени

Sase Ivanovski

Со пет пиштоли во Ауди. Дете од Волково се возело низ Скопје

Sase Ivanovski

Тошковски: Во Вараждин по завршувањето на натпреварот со Франција имав чест лично да ги посетам нашите ракометари и да им честитам за борбеноста и пожртвуваноста што ја покажаа

Sase Ivanovski

Кина сака да ги купи германските фабрики за автомобили, вклучувајќи го и Фолксваген

Sase Ivanovski

Вчера небото приреди вистинско астрономско чудо!

Sase Ivanovski

Мексико одбива да прифати лет за депортација од САД

Sase Ivanovski

Поранешен војник во армијата на Северна Кореја: Ми беше ограничено да пукам 3 куршуми годишно

Sase Ivanovski

Илон Маск вели дека X Growth е „стагнација“, приходите се „неимпресивни“ во протечената е-пошта до персоналот

Sase Ivanovski

Македонија со пораз од фаворитот Франција го заврши СП

Sase Ivanovski

Радиомилева: 13-годишното девојче од Велес, жртва на сексуално злоставување од 13 мажи

Sase Ivanovski

(Видео) Брнабиќ објави видео на Вучиќ во народна носија, се слушаат истрели

Sase Ivanovski

Дали знаевте дека еден Хрват во 16 век го создал првиот функционален падобран?

Sase Ivanovski

Трамп стави крај на безбедносните детали на Фаучи: Нема да чувствува одговорност доколку има штета

Sase Ivanovski

Клековски: Нема да поднесам оставка!

Sase Ivanovski

Нападнати инспектори од Град Скопје, Арсовска објави фотографија од напаѓачите, обвинувајќи дека МВР не постапува

Sase Ivanovski

Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет

Sase Ivanovski

“Тајмс” ја прогласи Пула за една од совршените дестинации за оваа година

Sase Ivanovski

Поради магла не слетуваат авиони на скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Шолц го критикува Маск поради злоупотреба на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Наумовски: Енергетиката, дигитализацијата и автомобилската индустрија се секторите во кои Македонија би можела да се зближи со новата администрација на САД со чело на Трамп

Sase Ivanovski

ЈСП ќе проверува дали некој ги саботира автобусите, се запалија три за само шест месеци

Sase Ivanovski

Поради бојкот, продажбата на мало во Хрватска е преполовена

Sase Ivanovski

АВСТРИЈА ЈА ЗАПРЕ ХОЛАНДИЈА Швајцарија ја растури Италија

Sase Ivanovski

ЗА ПОГОЛЕМИ РЕЗУЛТАТИ Е ПОТРЕБНА ПОГОЛЕМА ВЕРБА ВО СЕБЕСИ Селекторот Лазаров е задоволен од момците

Sase Ivanovski

Запленети 6 тона кокаин, луксузни автомобили и илјадници евра

Sase Ivanovski

Владата на Фицо го изгуби мнозинството, Словачка ќе оди на избори

Sase Ivanovski

Без активизам и критика нема да има воздух, јавни простори и култура

Sase Ivanovski

Жена за 35 минути направила осум сообраќајки

Sase Ivanovski

Со пиштол на дијаболи ученик повредиле соученичка во основно училиште во Чаир

Sase Ivanovski

Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски повик до 112

Sase Ivanovski

Трамп нареди: Администрацијата да го процени потенцијалот за „залихи на национални дигитални средства“

Sase Ivanovski

Лувр протекува, најголемиот музеј во светот бара финансиска поддршка за санација

Sase Ivanovski

Првиот игран филм „Диџеј Ахмет” на Георги М. Унковски, кој ја раскажува приказната на 15-годишниот Ахмет од јуручкото село Али Коч, кој сонува да стане диџеј беше прикажан на најпознатиот американски фестивал за независен филм „Санденс“

Sase Ivanovski

Новиот државен секретар на САД забрани давање пасоши на трансгендери

Sase Ivanovski

Британското претставништво на БМВ ќе го бојкотира Твитер

Sase Ivanovski

Путин загрижен поради влошената економската ситуација во Русија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп тестира дали може да испрати е-пошта на секој федерален вработен одеднаш

Sase Ivanovski

Џеф Безос даде 100 милиони долари на актерката Ева Лонгорија и пензионираниот адмирал кој го надгледуваше апсењето на Осама бин Ладен

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

Трамп ќе забрани лабараториски истражувања за нови вируси

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев, Скопје, вработува молекуларен биолог

Sase Ivanovski

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

Sase Ivanovski

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Sase Ivanovski

ДЕЛ ОД СРПСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА ЌЕ ОДАТ ПРЕКУ БУГАРИЈА: Дојранчани се плашат дека ќе ги изгубат гостите

Sase Ivanovski

„Самоопределување“ на Курти вечерва отвора канцеларија во Скопје

Sase Ivanovski

Иницијаторот на бојкотот на маркетите во Хрватска: Ни самиот не очекував ваков револт

Sase Ivanovski

Граѓанка со поплака до градоначалникот Стефковски: Непресметлив станар ги тепа соседите од зградата

Sase Ivanovski

Путин: Војната во Украина немаше да се случи доколку Трамп не беше ограбен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тројца загинати и оштетени згради во рускиот напад врз регионот на Киев

Sase Ivanovski

Русија врати во Украина 757 загинати војници

Sase Ivanovski

Десетици илјади протестираа низ Словачка против ставот на Фицо кон Русија

Sase Ivanovski

Кремљ го гледа ставот на Јапонија кон Русија како јасно непријателски

Sase Ivanovski

Д-р Кристина Шишарица од Клиника Жан Митрев – Што опфаќа комплетниот офталмолошки преглед

Sase Ivanovski

Седум деца починаа од студ во Газа од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас

Sase Ivanovski

Трамп: Ветерниците се кинески, ужасни и убиваат птици

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ – Најчести бактериски инфекции за време на бременоста

Sase Ivanovski

Политико го открива тајниот план на Белорусија за „поткопување“ на ЕУ преку мигрантите

Sase Ivanovski

Колку граѓани протестираа вчера во Србија?

Sase Ivanovski

Како д-р Ненад Петков – специјалист ортопед трауматолог, им помогна на двајца пациенти во Клиника Жан Митрев

Sase Ivanovski

Во Крушево одбележан роденденот на Тоше Проески

Sase Ivanovski

Агенцијата „Стандард и Пурс“ оценува дека девизните резерви растат, а банкарскиот сектор е стабилен

Sase Ivanovski

Вистиномер: Трамп, војната во Украина и НАТО: Руските медиуми додаваат гориво на „катастрофичните“ наративи

Sase Ivanovski

Доц. д-р Оливер Бушљетиќ од Клиника Жан Митрев дава совети за кардиоваскуларно здравје во 2025

Sase Ivanovski

Хамас ослободи 4 припаднички на израелската армија како дел од примирјето во Газа

Sase Ivanovski

Повредени четворица полицајци додека вршеле увид на новиот експресен пат кај Крива Паланка

Sase Ivanovski

Вистиномер: Морбидна лага е дека „Вања е жива“

Sase Ivanovski

Општина Карпош ја зголеми цената за престој во градинка од 1.500 на 2.000 денари месечно

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ – Дискфикс – неивазивна метода за решавање на проблеми со дискус

Sase Ivanovski

Протести во Словачка против про-руската популистичка политика на премиерот Фицо

Sase Ivanovski

ИСППИ го демантира ДУИ: Не ви е толкав рејтингот

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ – CTG – мал, но значаен преглед кој зборува за здравјето на вашето бебе

Sase Ivanovski

Тукушто наполнил 15 години, а веќе го возел аудито на татко му во кое имало оружје

Sase Ivanovski

Поранешниот водител на Фоксњуз, Пит Хегсет е новиот министер за одбрана на САД

Sase Ivanovski

Вистиномер: Нова година, нови измами – злоупотреба на картички преку Пазар3

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, МВР прими 497 нови полицајци

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова: Американското катче е еден од симболите на македонско-американското пријателство и партнерство

Sase Ivanovski

СДСМ: Лефков, засрами се – на душа ќе ги носите луѓето од Онкологија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОМИЧАРОТ БИЛ БУР И МУЗИЧАРОТ БИЛИ КОРГАН ДОЗНАА СЕ БРАЌА, ИМААТ ИСТ ТАТКО?!?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....