20.8 C
Скопје
19/04/2025 10:21
МАКТЕЛ

    

Д-р Игневска, Клиника Жан Митрев: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

      

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија и директор за квалитет и контрола на интрахоспитални инфекции во Клиника Жан Митрев

Д-р Катерина Игневска е микробиолог во Клиниката Жан Митрев, која воедно врши и исклучително одговорна дејност, како директор за квалитет и контрола на интрахоспитални инфекции. Со неа разговараме за стандардите и прописите по кои се врши заштитата од интрахоспитални инфекции на клиниката, за обуката на кадарот и за потребните механизми со кои треба да располага секоја здравствена установа со цел да го зачува здравјето на граѓаните.

Може ли накратко да ни го објасните начинот и стандардите по кои се води клиниката, а со цел заштита од интрахоспитални инфекции?

   

Д-р Игневска: Одговорноста на функцијата контрола на квалитет и превенција на болнички инфекции во позадина значи безбедна и ефикасна здравствена заштита за секој пациент. И кога зборуваме за безбедност на пациент морам да истакнам дека е тоа енормно комплексен процес кој опфаќа бројни мерливи елементи  и започнува од самиот влез на пациентот во болницата, првиот чекор – правилна идентификација, па сите последователни медицински постапки за прецизна дијагноза и ефикасен третман на пациентот. Болницата има јасно дефинирани интерни упатства и мерки за превенција на настанување и спречување на пренос на болнички инфекции кои се креирани според највисоките барања на престижната JCI акредитација, и истите се прилагодени на барањето на националната регулатива во Р.С Македонија. Болницата од самите почетоци го поддржува концептот на нулта толеранција за болнички инфекции, што навистина бара максимално заложување во креирање на политики и програми, нивно имплементирање, континуирана едукација и вежби со целиот персонал. Секако, на крајот, мониторингот/контролата на сите процеси е она што ни дава потврда за ефикасноста на пропишаните и спроведени мерки.

Дали редовно се врши едукација на вработените, колку често се вршат санитарни прегледи и какви се протоколите за спроведување мерки за заштита од инфекции?

Д-р Игневска: Превенцијата на болничките инфекции е пропорционално зависна од степенот на едукација и подготвеност на целокупниот персонал. Не станува збор само за медицинскиот, тука е и важноста на немедицинскиот и нивното познавање на начинот на пренос на инфекции, важноста на хигиената на просториите, соодветна употреба на дезинфекциони средства, правилно користење на лична заштитна опрема, хигиена на раце и користење на ракавици, ракување со остри предмети, селекција на отпад итн. Секој вработен ги добива првичните насоки при самото вработување, а потоа се вклопува во едукацискиот концепт кој е креиран и се обезбедува од страна на Комисијата за превенција на болнички инфекции. Континуираниот мониторинг и евалуација на персоналот е клуч за понатамошно правилно стратешко планирање и оптимизација на процесите кои ќе остварат квалитетна  здравствена грижа. Во однос на санитарните прегледи – тие се во согласност со законските прописи, но интерно тимот за контрола на болнички инфекции дополнително прави ненајавени, рутински проверки на персоналот, на неживата средина и воздухот во болницата со цел да се одржи безбедна средина за пациентите и вработените.

Кој е начинот на изолација на пациентите кај кои се изолирани инфекции, какви се процедурите во клиниката?

Д-р Игневска: Основен принцип при работа со секој пациенти е почитување на стандардните мерки за заштита кои ни се добро познати и универзални. Една од посилните алатки во процесот на превенција на болнички инфекции е изолација на пациенти и/или нивно правилно кохортирање. Во Жан Митрев Клиника сите пациенти при влез во стацинарниот дел на болницата подлежат на микробиолошка обработка која во еден дел има епидемиолошко но, истовремено и дијагностичко значење. Сѐ до добивање на резултатите пациентите се третираат како во „изолација”, (контактна, капкова или аерогена), а тоа значи дека физички се одделени од другите пациенти и при работа со нив се користи соодветно препорачана заштитна опрема. Дополнително, безбедноста на пациентите се потенцира со можноста да се вклучи негативен притисок во простории каде има пациент кај кој се препорачува аерогена изолација. На тој начин се креира безбедна средина за сите пациенти во болницата, посетителите и за персоналот.

Каква е улогата на микробиолошката лабораторија во контролата на интрахоспиталните инфекции?

Д-р Игневска: Тимот од микробиолошката лабораторија стои на располагање за пациентите во секое време, со цел обработка на примероци во најбрз временски рок и секако критично е навремено рапортирање до клиничарите со препорака за потребни мерки за превенција на инфекции. Мултидисциплинарниот пристап нѐ прави уникатни и исклучително ефикасни во поставување на микробиолошка во согласност со клиничката дијагноза.

Од кои причини најчесто се шират интрахоспиталните инфекции во здравствените установи и дали е потребно решавање на проблемот на национално ниво?

Д-р Игневска: Болничките инфекции се огромен предизвик кој е невозможно да се решава само на институционално ниво. Пациентите едноставно не можеме да ги поделиме, тие циркулираат низ институциите согласно потребите и можностите. Нашата борба како институција би била многу полесна доколку во сите болници има унифициран пристап за одржување на хигиена на болничките капацитети, спроведување на стандардни мерки за заштита, достапност на услуги од микробиолошка лабораторија и навремена изолација на пациенти, програми за рационална употреба на антибиотици и сите други мерки кои го сочинуваат квалитетот и безбедноста во здравствената грижа.

  

Најново

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski

Утре и задутре нема да се наплаќа во зоните на „Градски паркинг“

Sase Ivanovski

Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Sase Ivanovski

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Бројот на загинати од американските напади врз Јемен се искачи на 80, соопштија бунтовниците

Sase Ivanovski

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

Sase Ivanovski

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Sase Ivanovski

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski

Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Sase Ivanovski

B-1B Bones направи невидено распоредување на оперативната група бомбардери во Јапонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 500-годишната велигденска традиција на Скопио дел Каро во Фиренца, Италија

Sase Ivanovski

По распадот на СССР, кошаркарската репрезентација на Литванија не можеше да си дозволи да учествува на Олимпијадата во 1992 година, па Грејтфул Дед ги финансираше трошоците на тимот и испрати опрема во националните бои на Литванија. Тие ја освоија бронзата на таа Олимпијада

Sase Ivanovski

Позади штитот и репутацијата на лош човек се крие друг Џенаро Гатузо кој е голема људина

Sase Ivanovski

На полувремето од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба истрчаа почесен круг околу теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ МИ Е ДОМА – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ: За градот, ЗОО Скопје, ноќниот живот, спомените и Скопје во некои други и поинакви времиња

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

Sase Ivanovski

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski

Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Sase Ivanovski

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Инспиративната приказна на Дина Дамјановиќ

Sase Ivanovski

Љубљана е проглесена за најдобра дестинација во Европа за пролетно патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали некогаш сте се запрашале кои се најопасните населби во Загреб – Каде се најчести кражбите и кои места треба да ги избегнувате?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Архитектката Мила Димитровска: Колку е важно Водно за Скопје и колку го прави уникатен град?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Парите на измамените со лажните пратки од пошта завршиле во виртуелна банка во Хонг Конг

Sase Ivanovski

Аеродромот во Истанбул стана прв во Европа кој покрена истовремени операции на три писти

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ЗАГИНАТИОТ ТОМАС ВО „ПУЛС“: ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА ДА СИ ПОМУАБЕТИМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан Бигор во Вруток – Најголемата ботаничка градина во изобилство на зеленило и природа придружено со вкусна храна

Sase Ivanovski

Шпанија: Пијана жена без дозвола предизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повреденипредизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повредени

Sase Ivanovski

Господ нема да ги заштити од пожар,134 бугарски храмови немаат ПП апарати!

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ВОЕН РОК Хрватите имаат две опции, првата е храна, сместување, пари, а другата….

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАСЕТНИ БОМБИ ЈА РАЗНЕСОА СЕКОЈА УЛИЦА ВО ХАРКОВ Еден загинат и 54 повредени во новиот руски напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski
Вчитувам....