Д-р Никола Панчевски е докажан гинеколог акушер, кој зад себе има 35-годишно искуство. Тој е директно вклучен во реализацијата на двата историски проекти во приватното здравство во Македонија – отворањето на првата приватна болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“ во 2001 година и отворањето на првата приватна клиничка болница „Систина“ во 2010 година. Според него, за ваквите проекти да станат реалност биле потребни многу храброст, посветеност, мудри одлуки и добра организација.
„Од поставувањето на темелите до ден-денес „Аџибадем Систина“ постојано расте. Во 2012 година потпишавме договор за афилијација со најмоќната турска здравствена групација „Аџибадем“, а веќе во следната година „Аџибадем“ стана наш партнер. Јас од старт бев убеден дека идејата за прва приватна клиничка болница ќе функционира. Имавме исклучително добра селекција на лекари, мајстори на својот занает. Изградивме стабилен систем, кој понатаму само се надградуваше. ‘Систина’ е гигант, прво по капиталот во знаење, имаме брилијантна екипа лекари, во процес сме на подмладување на екипата, имаме исклучително квалитетна и најмодерна опрема и покрај тоа, не престануваме да размислуваме како уште можеме да се надградуваме и да бидеме подорби.
Имаме огромен спектар на услуги, кои ги испорачуваме со доминација на минимално инвазивни интервенции, кои ги скратуваат болничкиот престој и заздравувањето на пациентите. Мило ми е што овие наши стремежи ги препознаа пациентите и го доверија најскапоценото нешто на нас, а тоа е здравјето, вели д-р Панчевски.
View this post on Instagram