На денешното рочиште пред скршените од болка родители и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Србија малолетникот убиец Коста Кецмановиќ беше сослушан за маскорот кој го изврши на 3 мај кога уби девет врсници и обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Тој ја раскажал својата верзија за тоа како дошол до оружјето кое било во сефот.
Исто така, рече дека неговиот татко не му овозможил прв пристап до оружјето, туку некој друг, што би значело дека во таа насока ќе оди и еден од насоките на истрагата
„Долго се мачев да стигнам до оружјето“
– Момчето убиец тврди дека неговиот татко имал дополнителни мерки за обезбедување на оружјето, кои не се задолжителни. Според соопштението, неговиот татко имал шифри и на самите пиштоли. Момчето детално објаснило како дошло до оружјето кое било во сефот и под шифри. Рече дека долго е мачел да ги пробие шифрите и дека долго барал како да го добие оружјето – навел извор за српски „Блиц“.
Коста К. бил испрашуван речиси 4 часа, преку видео врска помеѓу психијатриската установа во која се наоѓа и Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој сведочеше во постапката против неговиот татко В.К.На рочиштето во Палатата на правдата, каде што е Вишото јавно обвинителство, присуствуваа и родителите на убиените деца во ОУ „Владислав Рибникар“, кои рочиштето го следеа преку монитор.
Во установата каде што е сместено момчето убиец, на рочиштето присуствуваше и неговата мајка.
За што се товари таткото на момчето убиец?Таткото е осомничен дека претходно го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје и муниција така што го однел во стрелачки клуб да вежба гаѓање цели со огнено оружје, и покрај тоа што детето има 13 години и дека таквата активност и обуката очигледно не е соодветна за неговата возраст.
Откако таткото на момчето беше уапсен, тој беше сослушан во обвинителството, кога ја изнесе својата одбрана.
Како што дознаваме, момчето-убиец го потврдил сведочењето на својот татко и практично ја негирал вината на неговиот татко во оваа постапка.
Коста К. оружјето и муницијата ги однел со себе во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде потоа уби девет негови врсници и училишниот чувар. Рани пет ученици и наставничката по историја.