13.8 C
Скопје
28/05/2025 22:19
МАКТЕЛ

     

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН НЕ ДОСТАВИ КЛУЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА СТРУЈАТА

      

Иако побаравме транспарентност и пристап до податоци врз основа на кои се формираат продажните цени на електричната енергија, ЕВН ХОМЕ не одговори со конкретни информации, туку само потврди дека тие податоци се веќе доставени до Регулаторната комисија за енергетика. Во упатеното барање на 21. мај 2025 година од ЕВН побаравме:

–          ревидирани финансиски извештаи и бруто биланси за 2023 и 2024 година,

   

–          податоци за набавка на електрична енергија,

–          информации за бројот и потрошувачката на домаќинствата и малите потрошувачи,

–          конкретни линкови до ПРЕДЛОГ ОДЛУКИТЕ, (а не одлуките) за цени и објавените мислења од јавноста (бидејќи согласно Тарифникот е предвидена 4 дневна можност за реакција од страна на засегнатите правни и физички лица) и

–          објаснување на формулите и коефициентите што се користат при пресметката на продажните цени на електричната енергија.

Наместо достава на бараните информации во електронска форма, добивме само формален одговор со упатување кон Регулаторната комисија, без ниту еден конкретен прилог или линк до содржини. Забележливо е дека воопшто не е одговорено на прашањата за формулите и методологијата што се користат при пресметките на тарифите, а кои се од суштинско значење за јавноста и пред сé транспарентноста на цените.

Еве го интегралниот одговор од ЕВН ХОМЕ:
Почитувани, Во врска со Вашето барање за информации, во продолжение на овој допис Ве известуваме за следното: Во однос на податоците кои ги барате согласно одредбите од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај Бр. 01-2437/1 од 17 ноември 2023 година (во понатамошниот текст Тарифен систем), односно:

–          Финансиските извештаи за 2023 и 2024 година, заедно со сите прилози изготвени согласно барањата на меѓународните сметководствени стандарди, и ревидирани од страна на овластен ревизор;

–          Бруто билансите за 2023 и 2024 година;

–          Финансиско-сметководствени информации кои ги имате доставено до Регулаторната комисија за енергетика за 2023 и 2024 година,

–          Податоците за набавена електрична енергија, како и податоци за планирана набавка на електрична енергија за 2023, 2024 и 2025 година;

–          Податоците за бројот на домаќинства и мали потрошувачи вклучувајќи и ја нивната потрошувачка во последните 12 месеци од 2023, 2024 и 2025 година;

Ве известуваме дека обврската за Универзалниот снабдувач е да ги достави овие податоци до Регулаторната комисија за енергетика, во електронска форма во формат што овозможува обработка од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Согласно таа обврска, Ве известуваме дека овие податоци се доставени до Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на Вашите дополнителни барања:

–          Предлог Одлуките беа објавени соодветно на обврската која произлегува од Тарифниот систем, со образложение за начинот на формирање на продажните цени вклучително и податоците врз основа на кои е направена пресметката; за објавените Предлог Одлуки, Универзалниот снабдувач не доби мислења и предлози од заинтересираните правни и физички лица, по што согласно Тарифниот систем, пристапи кон донесување на одлука за формирање на продажни цени за електрична енергија;

–          Одлуките за формирање на продажни цени, заедно со образложение на истите, се објавени на интернет страната на следниот линк: https://www.evn.mk/AboutUs/Regulation.aspx, (Забелешка: Објавените информации на интернет страната не се линкувани конкретно до релевантните документи, ниту пак се дава било какво објаснување за начинот на формирање на формулите и коефициентите, иако тие беа експлицитно побарани.)

Согласно Тарифниот систем доколку Регулаторната комисија за енергетика утврди дека со одлуката за формирање на продажни цени за електрична енергија не е применет овој тарифен систем, има право да донесе одлука со која го обврзува универзалниот снабдувач да донесе нова одлука за продажни цени усогласени со тарифниот систем.

Со почит, Оддел за односи со корисници

ЕВН ул. „Лазар Личеноски“ бр. 11, 1000 Скопје

www.evn.mk

Ваквиот одговор на ЕВН е приказ на недостапноста и неразбирливоста на податоците што ја одредуваат цената на струјата. Тарифите не се само техничка пресметка туку тие директно влијаат врз семејните буџети на граѓаните. Оттаму, јавниот интерес за транспарентност и отчетност мора да биде на прво место.

Ние ќе инсистираме изготвувањето на одлуката за формирањето на цената на електричната енергија кај домаќинствата да се врати повторно кај Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи цениме дека таа не смее да биде доделена на Универзалниот снабдувач (ЕВН Хоме).
Дополнително, РКЕ е независна регулаторна институција која до 2023 година ја определуваше цената за електрична енергија за домаќинствата. Нема ниту една валидна аргументација зошто ова право и обврска ѝ е одземено на РКЕ и е доделено на Универзалниот снабдувач, кој директно е мотивиран цената на електричната енергија да биде што е можно повисока.

   

Најново

Фестивалoт на феминистичка култура ќе се одржи на 30 и 31 мај

Sase Ivanovski

720 невработени млади ќе добијат по околу 10.000 евра за да основаат бизнис

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски фатен во тесно за тендерот на МВР ја навреди новинарката која што го прашуваше за аферата

Sase Ivanovski

Концепт „два плус два“- можно решение според сообраќајните експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Штип – Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Промените се случуваат! Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Sase Ivanovski

Илон Маск е „разочаран“ од законот за трошење на Трамп, вели дека тој го поткопува она што го прави Одделот за ефикасност

Sase Ivanovski

Пензионерите ќе можат да заработат плата покрај пензијата

Sase Ivanovski

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОХРИДСКИ АВТОБУС НАПРАВИ ХАОС ВО ЦЕНТАР, ИСПОКРШИ СТОЛБЧИЊА НА КРУЖЕН ТЕК

Sase Ivanovski

Македонија најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на НБРМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАТЕНИ СО РАЧЕТО ВО МЕДОТ: Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Sase Ivanovski

Адеми: Македонците не можaт да го добијат “второто полувреме”

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува Европскиот парламент едногласно да го потврди македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Николоски по ратификацијата на договорот: Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

Договорот за инфраструктура со Британија помина со 76 гласа „за“ и 6 „против“

Sase Ivanovski

Поевтини заеми благодарение на ААА рејтингот на Обединетото Кралство, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: „Салим Сулејмани си замина од Собранието за амбасадор – како се вика тоа, ако не предавство?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЈАН СТОЈАНОВСКИ: Договорот со Британија не е државна тајна како тој со Бехтел и Енка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ: Грешка има во англиската верзија на договорот со Британија, но не и во македонската верзија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески за Договорот со Британија: Дали веќе се договорени фирмите – изведувачи?

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Ратификацијата на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи економски развој и инвестиции, младите во фокус на Владата со новиот план за вработување

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Зошто кредит од 6 милјарди евра кога имаме можност за неповратни грантови од ЕУ?

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Преседан во Собрание-Спогодба со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Почна со работа „Охрид Мол“ – симбол на новата визија за развој на Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НЕ МОЛЧАМ – ГРАДАТ НА ДИВО, МИЛИОНИ ИСПАРУВААТ, ВЛАДАТА СПИЕ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ: Славески ќе треба да го либерализира македонскиот банкарски сектор и да ги скроти банките кои го дерат народот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛУТНИЦА УЛИЧНИ КУЧИЊА СЕЕ СТРАВ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ НА БУГАРИЈА: Третиот протокол е можен, но нема да промени ништо, Бугарија нема да се помести нуту милиметар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 репортажа: Семејното и родово-базирано насилство зема замав и се почесто завршува и со фемициди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Расмусен: На Европа ѝ треба нов безбедносен модел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска-Давкова: Договорот со Велика Британија не е алтернатива за ЕУ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС против опремување на полицијата со униформи, откако ја оставија без основни услови за работа

Sase Ivanovski

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

Sase Ivanovski

Лишени од слобода крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака, додека 10 илјади луѓе умреа во КОВИД пандемијата тој печалеше за себе

Sase Ivanovski

МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа – Се намалуваат царините на 70-тина стоки, вклучително и литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија

Sase Ivanovski

Пренџов: Стратешкиот договор со Велика Британија нуди многу поволности, ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

28 мај – Меѓународен ден на менструалната хигиена: Менструацијата не смее да биде луксуз!

Sase Ivanovski

Герасимовски ги поканува граѓаните на добра храна и музика во петок во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

„Матица македонска“ објави нов роман од Велко Неделковски

Sase Ivanovski

Две милијарди евра инвестиција брза пруга Табановце-Гевгелија, Македонија на европската карго мапа во железничкиот сообраќај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека не му е грижа за народот, важни му се само провизиите, тендерите и бизнисот со кланот Заеви

Sase Ivanovski

Приведено лице барано по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена

Sase Ivanovski

СДСМ: Смрди на корупција-за скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Нема ни траг од фирмата што доби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште

Sase Ivanovski

Групата на Штекли се криела во бункери под земја ископани на државно земјиште

Sase Ivanovski

Молк во Бугарија за можните преговори со Македонија во Хаг

Sase Ivanovski

Уште едно лице осомниченo во предметот за пожарот во „Пулс“: ќе го гонат сопственикот кој го изнајмил објектoт

Sase Ivanovski

Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Sase Ivanovski

Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Чаир е под „опсада“ од параполицаецот Арсовска. Ганиу во обид да ги одбрани дивоградбите

Sase Ivanovski

Субвенции за реконструкција на фасади и кровови на стамбени згради во Куманово

Sase Ivanovski

Во Скопје стартува изнајмување на електрични автомобили – 22 денари по километар и 5 денари по минута

Sase Ivanovski

Гевгелија добива нова велосипедска патека која се протега на двете страни од завршницата на Западен Булевар што завршува кај Динќут

Sase Ivanovski

Ангелов гаснеше пожари и бркаше мечки – Меџити вели наследникот може да го надмине

Sase Ivanovski

Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат

Sase Ivanovski

Се чека одговор од Софија за билатерлна средба со Сиљановска во Хаг

Sase Ivanovski

Починато бебе однесено во струшката болница

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Беџети? – Судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Левица: Сестрата на директорот на СОЗР во МВР – непотизмот царува во владата

Sase Ivanovski

Дали ХЕ/ПАХЕ Чебрен е навистина добра инвестиција?

Sase Ivanovski

Членови на Судски на сослушување за постапката против судијата Беџети

Sase Ivanovski

Храни во синергија, што со што да комбинирате…

Sase Ivanovski

„Спона“ ги дообјаснува своите позиции за организацијата на изложбата „Скаутизмот во Македонија 1911-1941“

Sase Ivanovski

Лице починало за време на преглед во поликлиника во Аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вучиќ: Работиме и градиме

Sase Ivanovski

Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја

Sase Ivanovski

Арсовска: Меџити и „принцезата на дивоградбите“ да дојдат во Чаир наместо да промовираат туѓи проекти

Sase Ivanovski

Муцунски: Нашата држава ќе застане цврсто покрај американските сојузници, повикувајќи на храбри и одржливи инвестиции во одбраната, отпорноста и индустрискиот капацитет

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор: Вакцинирањето против коронавирус повеќе не се препорачува за деца и бремени жени

Sase Ivanovski

Бесир Шабани – нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Sase Ivanovski

Ако една пруга чини 2 милијарди, за 15-17 години, таа пруга само од себе ќе се исплати: Пренџов за стратешкиот договор со Велика Британија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Од моментот на трагедијата повредените во Кочани ни се прв приоритет, за градот Кочани спремаме инвестициска програма која ќе се вика Кочани 2030-та

Sase Ivanovski

Мицевски: Славески е докажан како човек кој се грижи за интересите на државата

Sase Ivanovski
Вчитувам....