Денеска во рамките од 27 коло во Евролигата кошаркарите на Партизан на домашен терен со 86:73 славеа против Басконија. Со оваа победа Партизан ги одржува шансите за влез во плеј-офот на елитното клупско натпреварување. Во редовите на српската екипа најефикасен беше Џонс со 21 поен, запиша и по шест скокови и асистенции.
На спротивната страна за шпанскиот претставник Луваву-Кабаро и Рогкавопулос беа најефикасни со 11 поени. На табелата Партизан се наоѓа на осмата позиција (15-12), додека Басконија е на 15 место со учинок 11-16. Претходно се одиграа уште два мечеви, Анадолу Ефес со 98:73 триумфираше дома над Алба Берлин, додека Олимпијакос како гостин го совлада тимот на Виртус Болоња со 92:70