ОЕЦД предвидува дека просечната возраст за пензионирање во ЕУ ќе достигне речиси 67 години до 2060 година, а некои земји дури и 70 или повеќе. Очекуваниот животен век и бројот на години поминати во пензија се зголемуваат низ цела Европа. Како одговор на тоа, многу земји ја зголемуваат возраста за пензионирање. Данска веќе одлучи да ја зголеми возраста за пензионирање на 70 години до 2040 година. Неколку други европски земји, исто така, донесоа закони што предвидуваат зголемување на возраста за пензионирање во наредните години.
Според Извештајот за стареење од 2024 година, луѓето во Франција можат да се пензионираат кога ќе ја достигнат минималната возраст за пензионирање – 62 години за оние родени пред 1960 година и 64 години за оние родени во 1968 година и подоцна. Со исклучок на Турција, најниските возрасти за пензионирање се во Грција, Луксембург и Словенија – 62 години за двата пола. Најниската возраст за жените е во Австрија и Полска – 60 години, пренесува Пословни дневник.