Личните податоци на граѓаните сè повеќе се користат како високо вредна стока во сајбер криминалот, додека пазарот за украдени информации брзо се шири, објави денес Европол во извештајот „Проценка на заканата од организиран криминал на Интернет 2025“, додавајќи дека украдените податоци се основа на криминален систем кој овозможува цела низа нелегални активности – од интернет измами до уцени и експлоатација на деца.
„Не можете да се браните од она што не го разбирате. Извештајот на IOCTA 2025 ја открива скриената економија на украдените податоци што ги движи најопасните кибер закани денес“, рече Едвардс Шилерис, директор на Европскиот центар за сајбер криминал на Европол.Криминалците користат сè пософистицирани методи – од фишинг и малициозен софтвер, до телефонски измами и вештачка интелигенција – за да добијат чувствителни информации за корисниците, кои потоа се продаваат и дистрибуираат преку темната мрежа и шифрираните комуникациски канали.За да се спротивстават на овие закани, извештајот повикува на координирани политички одговори на ниво на ЕУ, хармонизирани правила за задржување на податоци и итни напори за зголемување на дигиталната писменост.