Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, денеска изјави дека народот на Гренланд треба да донесе свои одлуки за својата иднина, мислејќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз островот.
„Секоја одлука за иднината на Гренланд треба да ја донесе народот на Гренланд. Единствениот начин да се одржи светскиот поредок заснован на правила е целосно да се почитуваат принципите на суверенитет, територијален интегритет и неповредливост на границите“, рече таа за време на нејзиниот инаугуративен говор пред Европскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Таа ја потврди соработката меѓу ЕУ и Гренланд, нагласувајќи дека ЕУ целосно ги поддржува целите на Гренланд кога станува збор за образованието, зелениот раст, суровините, обновливите извори на енергија и безбедноста.