Европските берзански индекси бележат пад на почетокот на неделата, вредноста на златото достигна ново историски највисоко ниво, а целиот свет очекува нова рунда американски царини, вклучително и тарифи од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД, што ќе стапи на сила на 2 април. Администрацијата на Трамп го прогласи тој датум за „Ден на ослободувањето“, а се очекува американскиот претседател да ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини, пренесува Си-Ен-Ен (CNBC). Во интервју за NBC News во саботата, Доналд Трамп рече дека „воопшто не му е грижа“ ако странските производители на автомобили ги зголемат цените поради царините. Фјучерсите на американските акции паднаа во неделата навечер.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9:30 часот падна на 22.239,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.844,49 поени, британскиот FTSE 100 на 8.582,50 поени, а московскиот MOEX на 3.013,86 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 41.583,90 поени, индексот S&P 500 на 5.580,94 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.322,99 поени. Според досегашните податоци на берзата, цената на суровата нафта паднала на 69.266 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 72.646 долари. Европските фјучерси на гас за април се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 40,6 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 3.121,43 долари за унца, а на пченицата на 5,2971 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,08288, што е малку повисока од вредностите забележани при тргувањето во петокот.