11.8 C
Скопје
01/03/2025 19:47
МАКТЕЛ

    

Европските лидери со поддршка за Украина и Зеленски: Стоиме со вас!

      

Реагираа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, Полска, Луксембург, Финска, Шпанија, Естонија, Холандија, Шведска, Норвешка, Литванија, Летонија сите заедно ѝ порачаа на Украина дека не е сама и дека заедно со неа ќе работат на праведен и траен мир. Десетици лидери на европските земји вечерва изразија поддршка за Украина и за претседателот Володимир Зеленски по неговата расправија со претседателот и потпретседателот на САД, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс во Белата куќа по што изгледа дека изгледите за договор за мир под покровителство на САД доживеаа колапс. Реагираа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, Полска, Луксембург, Финска, Шпанија, Естонија, Холандија, Шведска, Норвешка, Литванија, Летонија сите заедно ѝ порачаа на Украина дека не е сама и дека заедно со неа ќе работат на праведен и траен мир.

„Вашето достоинство ја покажува храброста на украинскиот народ. Бидете силни, бидете храбри, бидете бестрашни. Никогаш нема да бидете сами, драг претседателе Зеленски. Ќе продолжиме да работиме со вас на праведен и траен мир“, напиша претседателката на Европската комија, Урсула фон дер Лајен.

   

Поддршка за Украина изрази и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта повторувајќи ја пораката од фон дер Лајен. Едгарс Ринкевичс, претседателот на Летонија, исто така, регираше на социјалната мрежа X (Твитер), посочувајќи дека Украина е жртва на руската агресија. „Војната ја води со помош на многу пријатели и партнери. Не треба да штедиме напори за праведен и траен мир. Дипломатијата понекогаш е уметност на невозможното во тешки околности. Летонија стои со Украина“, напиша Ринкевичс.


Министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, исто така регираше преку твит, велејќи дека „Финска стои со народот и правото на народот да избира. Во Украина народот одбра слобода. Ние стоиме со Украина“.


Премиерот на Полска Доналд Туска напиша: Драг Владимир Зеленски, драги украински пријатели, вие не сте сами.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедноста политика Каја Калас напиша дека Украина е Европа! „Ние стоиме со Украина. Ќе ја зголемиме нашата поддршка за Украина за да можат да продолжат да се справуваат со агресорот. Денеска стана јасно дека на слободниот свет му треба нов лидер. Сега е наш ред, Европејци, да го прифатиме предизвикот“, напиша Калас.

Министерот за надворешни работи на Естонија, Маргуис Тсакна, посочи дека зборувал со неговиот украински колега Анриј Сибиха и го уверил дека „Естонија ќе ја поддржува Украина без разлика на сè. Украина не е сама“.

Реагираше и премиерот на Луксембург, Лук Фриден, кој напиша: „Луксембург стои со Украина. Вие се борите за вашата слобода и меѓународен поредок базиран на правила“.

Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспер Велдкамп, исто така рече дека зборувал со неговиот украински колега и ја повторил неговата целосна поддршка за Украина: за што и да е потребно и колку долго и да е потребно.

Истото го стори и премиерт на Норвешка, Јонас Гар Стор: Стоиме со Украина во нивната фер борба за праведен и траен мир.

Премиерот на Шведска, Улф Кристенсон напиша: Шведска стои со Украина. Вие не се борите само за својата слобода, туку и за слободата на цела Европа. Слава Украини!

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така изрази силна поддршка за Украина: „Украина не е сама. Германија заедно со нашите европски сојузници стои обединета покрај Украина – и против руската агресија. Украина може да се потпре на непоколебливата поддршка од Германија, Европа и пошироко. Нивната одбрана на демократијата и нивната потрага по мир и безбедност е и наша“, напиша Бербок.

Реагираа и германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц, но и новиот канцелар кој што минатата недела победи на изборите во Германија, Фридрих Мерц. „Драг Володимир Зеленски, ние стоиме со Украина во добри и во времиња кои се предизвик. Мораме да правиме разлика меѓу агресорот и жртвата во оваа ужасна војна“, напиша Мерц.

Канцеларот во заминување, Олаф Шолц, напиша: „Никој не сака мир повеќе од Украинците. Затоа, работиме на заеднички пат кон траен и праведен мир. Украина може да се потпре на Германија – и на Европа“.


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, исто така испрати јасна порака: „Постои агресор: Русија, постојат луѓе кои се нападнати: Украина. Сите бевме во право кога ѝ помогнавме на Украина и кога ѝ воведовме санкции на Русија пред три години и продолжуваме да го правиме тоа. Ние и Американците, Европејците, Канаѓаните, Јапонците и многу други. Ви благодарам на сите кој помогнавте и продолжувате да помагате. И почит за оние кои се борат уште од почетокот. Бидејќи тие се борат за нивното достоинство, нивната независност, за нивните деца и безбедноста на Европа.

Поддршка за Украина изрази и премиерот на Канада, Џастин Трудо: „Русија нелегално и неоправдано ја нападна Украина. Веќе три години, Украинците се борат со храброст и отпорност. Нивната борба за демократија, слобода и суверенитет е борба која што е важна за сите нас. Канада ќе продолжи да ја поддржува Украина и Украинците да постигнат праведен и траен мир“.


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ напиша: „Хрватска знае од сопственото искуство дека само праведен мир може да биде и траен мир. Хрватската влада цврсто стои до своите верувања дека на Украина ѝ треба таков мир – мир кој значи суверенитет, територијален интегритет, и безбедна Европа“.

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар изрази недвосмислена поддршка за Украина: „Словенија ги почитува принципите и почитта за меѓународното право и меѓународните односи. Она што го посведочивме во Овалната соба денеска ги подрива овие вредности и основите на нашата дипломатија. Стоиме цврсто во поддршка на суверенитетот на Украина. Повторуваме, Русија е агресорот. Наш императив е да ги чуваме и гаиме демократските идеали, обезбедувајќи дека тие се рефлектираат во нашите дела и односите на глобалната сцена. Време е Европа да го преземе водството на патот кон мирот во Украина. Со почитување на меѓународното право, Повелбите на ОН, правичноста и пред сè … пристојноста“.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду: „Вистината е едноставна. Русија ја нападна Украина. Русија е агресорот. Украина ја брани својата слобода – и нашата. Ние стоиме со Украина“.

Претсдателот на Литванија, Гитанас Науседа: „Украина, никогаш нема да ве оставиме сами“.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез напиша „Украина, Шпанија стои со вас“ на шпански, англиски и украински јазик.

  

Најново

Папата Франциск на апарат за дишење откако доживеа ненадеен респираторен напад

Sase Ivanovski

Апликацијата СкопјеБус: Во градските линии корисна, во приградските само „на туркање“

Sase Ivanovski

Како руската пропаганда гледа „диктатор“ во Зеленски и ја префрла одговорноста за војната врз Украина

Sase Ivanovski

Курдската работничка партија (ПКК) прогласии прекин на огнот по 40-годишниот бунт во Турција

Sase Ivanovski

Косово не организирало прослава на својата независност во Македонија

Sase Ivanovski

„Студентски Едикт“ новиот масовен протест организиран од студентите и граѓаните на Ниш кој наскоро ќе биде и во Белград

Sase Ivanovski

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

Sase Ivanovski

Град Скопје: Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица 3 во Злокуќани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени дилери

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политичка дебата СДС упорно применува ист манипулативен шаблон, ВМРО-ДПМНЕ со мерки и проекти се фокусира на јакнење на позицијата на жените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: Работниците заслужуваат минимална плата од 500 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, СДС не се огради ниту од Заев, ниту од Ковачевски, од Груби и Андов

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски од Тетово: Тетово како првичен дел од „Безбеден град“ ќе добие безбеден сообраќај, во меѓувреме засилени акциски контроли за решавање на сообраќајниот хаос

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и политичка структура заробена во минатото

Sase Ivanovski

(ФОТО) МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ОД БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите и да престане да ја штити

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претрес во Виница, приведен дилер

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Објавени записниците од Комисијата за надзор над АКМИС-от во судовите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, борбата против криминалот и корупцијата продолжува

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Марков: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе придонесе да се изнајдат соодветни решенија во интерес на здравјето на граѓаните

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: „Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот, економијата тоне

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски на Фокс Њуз: Сакам Трамп повеќе да биде на наша страна

Sase Ivanovski

Независни медиуми од Источна Европа: Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“

Sase Ivanovski

По апелот на Оџалан, ПКК прогласи прекин на судирите со Турција

Sase Ivanovski

Нов спортски рекорд: Дуплантис прескокна 6.27 метри

Sase Ivanovski

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Sase Ivanovski

Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп – Зеленски

Sase Ivanovski

Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш

Sase Ivanovski

Дел од Општина Илинден без струја

Sase Ivanovski

Хамас ја отфрли израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа

Sase Ivanovski

Опожарени викендичка и овоштарник во Идризово

Sase Ivanovski

Младите од Западен Балкан усвоија Декларација – бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

КРИПТО ПАЗАРОТ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК: Ветувањата на Трамп бледнеат, а цените тонат

Sase Ivanovski

ПКК прогласи прекин на огнот со Турција

Sase Ivanovski

ОВАА КУЌА Е ВИСТИНСКИ БИЗНИС ПОКРАЈ МОРЕ И СЕ ПРОДАВА: Има 6 станови со врвен квалитет, гарантираната добивка е над 35.000 евра

Sase Ivanovski

КРАЈ НА ЕДНО УБАВО ВРЕМЕ: Мајкрософт ќе го затвори Skype во мај

Sase Ivanovski

ФБИ му ги врати на Трамп документите од истрагата за Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе се откриваат уште повеќе сообраќајни прекршоци во Србија

Sase Ivanovski

Илон Маск по 14-ти пат стана татко

Sase Ivanovski

12 години на чело на РФМ: Живко Мукаетов на ракометот му даде иднина и го направи спорт број еден во Македонија

Sase Ivanovski

Почнува Рамазанскиот пост

Sase Ivanovski

Времето денес променливо облачно, до 15 степени

Sase Ivanovski

САД испраќаат уште 1.140 војници на границата со Мексико

Sase Ivanovski

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

„Големиот едикт“: 18-часовен протест на српските студенти во Ниш

Sase Ivanovski

Томас Вајц: Мотивиран сум да најдам начини да го одврзам јазолот, гледам разумни гласови во Бугарија

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами

Sase Ivanovski

Зеленски: Го почитувам Трамп, но не му должам извинување

Sase Ivanovski

Путин како Мајка Тереза!?

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и релативно топло, до 15 степени

Sase Ivanovski

Бербок: Украина „не е сама“

Sase Ivanovski

Браќата Тејт пристигнаа во Флорида и се соочија со лавина од критики и осуди од видни републиканци

Sase Ivanovski

Зеленски ги откажа јавните настапи во Вашингтон

Sase Ivanovski

Грем: Зеленски треба да си поднесе оставка

Sase Ivanovski

Градоначалникот Костадинов најавува зголемен инспекциски надзор по пожар во коритото на Крива Река

Sase Ivanovski

Медведев: Зеленски доби „жесток ќотек“ од Трамп

Sase Ivanovski

Туск му порача на Трамп: ЕУ не е создадена за да измами некого, туку да обезбеди мир

Sase Ivanovski

Приведени три лица во тетовско за организирање борба со кучиња

Sase Ivanovski

Вработените во Филхармонија во понеделник на нов протест

Sase Ivanovski

Прегазен 91-годишен пешак во Куманово

Sase Ivanovski

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

Sase Ivanovski

Муцуснски на средба со амбасадорката на САД, Анѓела Агелер

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски потпиша декларација за основање на Совет за соработка помеѓу Македонија и Турција, една милијарда и 255 милиони евра инвестициски бум, 10 места повисок глобален Индекс за демократија

Sase Ivanovski

Трамп не открива дали тој му кажал на Зеленски да си оди од Белата куќа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници студенти од цела Србија пристигнаа во Ниш, дочекани со аплаузи и огномет

Sase Ivanovski

Курдските милитанти во Ирак и Сирија мора да го остават оружјето, велат од партијата на Ердоган

Sase Ivanovski

Белата куќа: Трамп и Венс нема да дозволат да се искористува американскиот народ

Sase Ivanovski

Захарова: Не знам како Трамп и Венс се воздржаа да не го плеснат копилето

Sase Ivanovski

Поранешниот француски претседател Оланд: Доналд Трамп повеќе не е наш сојузник

Sase Ivanovski

Извор за „Си-ен-ен“: Пратеникот на Трамп за Украина бил против состанокот во Овалната соба, Украинците инсистирале

Sase Ivanovski

Денко Малески: Гласавме против себе во ОН

Sase Ivanovski

Бранко Прља: Машините мислат, но луѓето чувствуваат

Sase Ivanovski

Евролига: Партизан славеше против Басконија за важен чекор кон плеј-офот

Sase Ivanovski

„Би-би-си“: Русија е победникот од дебаклот меѓу Трамп и Зеленски во Вашингтон

Sase Ivanovski

Остар пад на биткоинот, сега вреди 78.520 евра

Sase Ivanovski

Никола Јокиќ повторно е прв кандидат за МВП титулата во НБА

Sase Ivanovski

Лазаров повика 20 ракометари за квалификациските мечеви против Словенија

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – арогантни, нетолерантни и агресивни

Sase Ivanovski
Вчитувам....