Во 2023 година Бугарија е земја со највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ (1,81 живородени деца по жена), потоа Франција (1,66) и Унгарија (1,55), соопшти Евростат. Ова е рекордно ниво за земјата од 1990 година, покажуваат податоците објавени денеска од европската агенција за статистика.
Најниски нивоа во 2023 година биле регистрирани во Малта (1,06 раѓања по жена), Шпанија (1,12) и Литванија (1,18).Во 2023 година во ЕУ се родени 3,67 милиони бебиња, што е намалување за 5,4 отсто во споредба со 3,88 милиони во 2022 година. Ова е најголем годишен пад на европско ниво забележан од 1961 година. Вкупниот коефициент на фертилитет во ЕУ во 2023 година изнесувал 1,38 живородени деца по жена, во споредба со 1,46 во 2022 година.