17.8 C
Скопје
09/05/2025 08:50
МАКТЕЛ

     

Еден месец подоцна: Кочани меѓу трагедијата, гневот и потрагата по одговорност

      

Еден месец по пожарот, Македонија се наоѓа на раскрсница: ќе продолжи ли во правецот на заборав и неказнивост – или конечно ќе се соочи со потребата од вистинска системска реформа. Ова е хроника на една трагедија која ја оголи болната вистина за нефункционалноста на институциите на системот. Еден месец по трагичниот пожар во импровизираниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, македонската јавност сè уште е во шок, додека институциите се соочуваат со комплексна и обемна истрага за утврдување на одговорноста. До денес, животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени, меѓу кои 25 се малолетници. Утрото на 16 март, Македонија ја потресе најголемата цивилна трагедија во поновата историја. Во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“, за време на настапот на популарното хип-хоп дуо ДНК, избувна катастрофален пожар.

Триесет и еден ден подоцна, јавноста сè уште чека одговори, а институциите се соочуваат со обемна истрага. Освен градоначалникот на Кочани, ниту еден актуелен министер, ниту државен функционер не поднесе оставка од морални причини. Ноќта кога се случи трагедијата, дискотеката „Пулс“ била преполна со над 600 посетители, иако според условите и капацитетот, внатре смееле да бидат многу помалку. Пиротехничките ефекти за време на настапот на ДНК предизвикале пожар откако искри ги опфатиле запаливите материјали на таванот. Пожарот се проширил брзо, а паниката, единствениот излез и несоодветниот безбедносен систем довеле до стампедо. Десетици лица останале заробени, додека голем број други се здобиле со сериозни изгореници и повреди. Дел од жртвите починаа на самото место, а други им подлегнаа на повредите во деновите и неделите потоа. Првичната бројка на жртви изнесуваше 59, но се зголеми на 61, откако уште две лица починаа додека се лекуваа во болница во Литванија. Меѓу загинатите се и шестмина малолетници. Жртвите се лица од Кочани, Зрновци, Чешиново – Облешево, Виница, Штип, Пробиштип, Скопје и Струмица.

   

Над 60 осомничени за трагедијата – сите знаеле, никој не спречил Еден ден по трагедијата, премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека „Пулс“ наводно работела со фалсификувана лиценца „издадена за мито“, а иако била нелегална, на денот на трагедијата била истечена веќе два дена. Мицкоски на прес-конференција во владата дури ја покажа пред јавноста наводната фалсификувана лиценца. Истражните органи веќе еден месец спроведуваат обемна истрага за утврдување на кривична и институционална одговорност. Досегашната истрага која ја води Основното јавно обвинителство Кочани со поддршка на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција опфати над 60 физички и три правни лица. Меѓу нив се сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, тројца градоначалници на Општина Кочани, поранешни министри за економија, инспектори, полициски службеници и други лица поврзани со добивањето и продолжувањето на дозволите за работа на импровизираната дискотека. Меѓу приведените е и Љупчо Папазов, кој во моментот на несреќата ја извршуваше градоначалничката функција, а ден подоцна си поднесе оставка. Кочани неделава доби нов в.д. градоначалник – Венко Крстевски. Покрај Папазов, во домашен притвор се и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски.

Осомничен беше и Александар Карадаковски, управителот на компанијата „МММ Кафе“ која управувала со импровизираното кабаре, кој почина на 4 април додека се лекуваше во болница во Литванија. Иако на хартија стои како управител, во кочанската јавност е познато дека Карадаковски во „Пулс“ работел како шанкер. Истрагата е во тек, а во неа се вклучени 13 обвинители. Досега се извршени голем број претреси, сослушани се сведоци и собрани над илјада материјални докази, според Јавното обвинителство. Најпрво истрагата беше фокусирана на 27 лица и три компании, но во меѓувреме се прошири на уште 19 лица, меѓу кои и тројца поранешни министри за економија, но не и актуелниот министер Бесар Дурмиши. Во притвор се и сите директори на Дирекцијата за заштита и спасување од 2012 година наваму, вклучувајќи го и сегашниот директор. Осомничени се и градежни инспектори, службеници и државни секретари во Министерството за економија и инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Од синоќа, под истрага се уште десетмина полицајци од Кочани и од Штип. Се сомничат дека од 2012 до 2022 година издавале согласности и му овозможувале на „Пулс“ да стекне лиценца за вршење угостителска дејност, иако фирмата не ги исполнувала предвидените услови. МВР соопшти дека шестмина од полицајците се приведени, по еден се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.

„Во конкретниот случај нема потполна и законита документација. Тоа е верижната реакција во однос на издавањето на лиценци, затоа што министерот, поточно сите министри не ги почитувале законите и издале лиценци кои не биле потполни и немале законска документација“, изјави синоќа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма. Кажа и дека лиценците што ги поседувал кочанскиот ноќен клуб од 2012 до 2017 година биле издадени без целосната и потребна документација, и оти се испитува од каде е набавена и дали била соодветно користена пиротехниката за време на концертот кога настана пожарот. Повредените сè уште закрепнуваат Според последните официјални информации на министерот за здравство Арбен Таравари од понеделникот, во болниците во земјава и во странство остануваат да се лекуваат 57 пациенти, од кои двајца се во критична состојба. Најголем дел од хоспитализираните се наоѓаат во болници надвор од државата, а деветмина се лекуваат во земјава. По несреќата, повредените беа распределени во повеќе држави – Србија, Бугарија, Грција, Словенија, Турција, Хрватска, Унгарија, Полска, Шпанија, Австрија, Шведска и Литванија. Пациентите биле со тешки изгореници и други компликации, а лекарите најавија дека нивното лекување ќе бара долготрајна нега и хируршки зафати. Според властите, државата ги покри трошоците за транспорт на повредените и нивните семејства.

Силни реакции во јавноста По трагедијата, во Македонија беше прогласена седумдневна жалост. Во знак на сочувство, ден на жалост прогласија и Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Веднаш по пожарот, јавноста силно реагираше на настанот и на сериозните пропусти што доведоа до него. Веќе наредниот ден, во Кочани се одржа собир на разгневени граѓани, при што беше демолиран другиот угостителски објект во сопственост на Јованов – кафе-барот „Класик“. Мирни собири и маршеви беа организирани низ повеќе градови во државата, а најмасовни беа собирите во Скопје, предводени од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“. Во последните два викенда, и семејствата на загинатите одржаа посебни протестни собири на кои изразија разочараност од темпото на истрагата и побараа брза и ефикасна правда за нивните најблиски. Граѓаните, компаниите и организациите со недели донираат за семејствата на жртвите и повредените по кочанската дискотека. Група граѓани од Кочани ја создаде и платформата „SupportKocani“, каде може да се најдат податоци за донации за погодените во трагедијата.

Притисок кон медиумите и дезинформации Во деновите по трагедијата, и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски организираа секојдневни прес-конференции на кои говореа за почеток на борба против „корумпираниот систем“, кој според нив, е виновен за трагедијата во Кочани. Премиерот Мицкоски пред камерите покажа документ, кој според него, е фалсификувана лиценца за работа на дискотеката „Пулс“. Притоа, кога беа поставувани прашања за тоа дали ќе понесе морална одговорност, велеше оти најпрво ќе се пресметал со „системот“, па потоа народот ќе пресуди. Во деновите кои следеа власта испраќаше соопштенија до медиумите да внимаваат што објавуваат, да ја почитуваат приватноста на семејствата на жртвите и да не објавуваат емоционални содржини. Стануваше збор за интензивна кампања која влијаеше врз само-цензура на многу професионални медиуми. Исто така, за време на погребот на жртвите во Кочани, како и за време на граѓанските собири кои следеа, целосно беше забрането користењето на дронови за снимање на настаните. Во јавноста се појавија и серија дезинформации кои беа пласирани на социјалните мрежи. Најпрво, дека бројот на починати е поголем од она што официјално се објавува, потоа дека бројот на починати малолетници е повеќе од 30. Исто така, се ширеа дезинформации дека пожарот бил подметнат и дека е дело на прозападната власт со цел да се уништат Македонците. Пред да биде избран Крстевски за в.д. градоначалник на Кочани, на социјалните мрежи беше објавена дезинформација дека бил сатанист. Од неодамна, се манипулира и со етничката припадност на осомничените во истрагата за пожарот. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....