Еден од најбараните шверцери на дрога во Европа, Французинот Набил Абида, е уапсен на аеродромот во Меделин, Колумбија, а според локалните медиуми, кога му пришле полицајците, тој рекол дека е бизнисмен од Белград, Србија. Француско-алжирскиот наркобос бил уапсен на 28 јануари на аеродромот „Хозе Марија Кордова“ во колумбискиот град. „Абида пристигнал во Рионегро по речиси 14-часовен лет од Париз, Франција. Кога излегол од авионот, му пришле инспектори од Националната полиција. Тие му го провериле идентитетот во меѓународните евиденции, потврдувајќи дека е уапсен налог издаден од суд во Париз“, се наведува радиото „Караколо“. Според извештајот, Абида тврдел дека е српски бизнисмен.
„Тој во полиција тврдел дека е бизнисмен од Белград во Србија, и дека во Меделин дошол службено. Меѓутоа, доказите против него го кажувале спротивното, па полицијата го уапсила“, пишува локалниот медиум.
Според колумбиските медиуми, Абида има алжирско потекло и е под истрага веќе десетина години. Тој е осомничен дека договарал пратки кокаин од Јужна Америка, главно Колумбија, во Европа, а бил поврзан со операции во Шпанија, Колумбија и Србија.