Единствена Македонија реагира на двојните аршини на Канал 5 во врска со искажаните ставови на Сашо Ордановски во однос на Доналд Трамп. Реакцијата на Канал 5 се сведува на тоа дека остануваат демократска телевизија отворена за различни гледишта и критики, но секој кој ја (зло)употербил дадената минутажа на Канал 5 треба да очекува дека ќе биде предмет на судот на јавноста, но кажаното од Канал 5 едноставно не одговара на вистината. Всушност, со ваквата реакција, Канал 5 промовира двојни аршини што е недозволиво. Канал 5 му изрече забрана за гостување на претседателот Бачев за наводна навреда за спомнување на тројца функционери на ЕУ и земји-членки на ЕУ, додека за Сашо Ордановски – ништо, односно да му суди јавноста.
Ја користиме приликата да потсетиме, претседателот Бачев при гостувањето изворно и самоиницијативно не навреди никој, туку реагираше на кажаното од соговорникот кој во омаловажувачка конотација ги спомна земјите од Евроазиската унија и групата БРИКС, а тој (соговорникот) може да продолжи со педерите од западните земји. Дотолку повеќе, некои од „навредените“ (Рот) како и еден куп други западни политичари самите велат дека се со поинаква сексуална ориентација и замислете Канал 5 биле згрозени од вистината за нешто што самите овие функционери се декларираат, што значи дека Канал 5 ги навредува а не претседателот Бачев. Канал 5 со цензурата спрема Бачев врши дискриминација на политичка основа што е казниво според Уставот и неколку закони во Македонија. Канал 5 е приватна телевизија, но, со дејност од јавен интерес и во таков случај нема правна основа за забрана спрема било кого. Канал 5 може да се оградува, да тужи ако се навредени и слично, но, нема право да изрекувате забрана како јавен радиодифузе сервис. Како и да е, и Единствена Македонија и Канал 5 знаат дека забраната поради наводна навреда е само за јавноста и дека позадината е соема подруга а која јавноста има право да ја знае.