Српскиот претседател Александар Вучиќ Во интервју за „Џерусалим пост“ ја истакна својата посебна улога во европско-израелските односи.
– Денес, јас сум единствениот во Европа што извезува воена муниција со Израел – изјави Вучиќ, додавајќи дека често добива критики од своите колеги за овој став. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователната војна во Појасот Газа, Вучиќ добил порака од израелскиот претседател Јицак Херцог во рок од 24 часа. Србија била подготвена да одговори во рок од четири дена, што оттогаш значително ги интензивирало одбранбените односи меѓу Белград и Тел Авив. Бројките импресивно го покажуваат овој развој. Според заедничката истрага на „Балкан инсајт“ и „Хаарец“, извозот на српско оружје во Израел достигнал вредност од 42,3 милиони евра во 2024 година – триесет пати повеќе од претходната година. Со тоа, Србија стана клучен партнер во синџирот на снабдување со одбранбена опрема на Израел. Српскиот претседател ги отфрли обвинувањата за нерегуларности во договорите за оружје направени од српскиот истражувачки портал „Крик“ и германскиот весник „Билд“.
– Ситуацијата во Србија секогаш ќе остане иста. Ние секогаш ќе ги цениме, почитуваме и сакаме еврејскиот народ и Израел. Навистина го мислам тоа, навистина го чувствувам тоа – изјави Вучиќ. Соработката меѓу двете земји не е ограничена само на воената сфера. Трговските и инвестициските односи достигнаа рекордно високо ниво. Во првите два месеци од 2025 година, српскиот извоз во Израел се зголеми за импресивни 196,2 проценти. Вкупната трговија во 2024 година изнесуваше 199,2 милиони долари, при што извозот од Србија се зголеми за 75,2 проценти, а увозот за 40,9 проценти. Вучиќ изрази посебна благодарност за воздржувањето на Израел од резолуцијата на Генералното собрание на ОН во 2024 година со која 11 јули се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
– Кога се соочивме со резолуцијата за Сребреница во ОН, покажавме дека сме способни да ги обединиме повеќето земји дури и против големите сили. Тие привлекоа многу исламски земји поради прашањето за Сребреница. Бевме многу благодарни на Израел што не гласаше за оваа резолуција. Мислам дека беше важно за Израел и еврејскиот народ, бидејќи следниот пат таква резолуција може да биде насочена против вас, а Србија нема да гласа за неа – изјави Вучиќ за „Џерусалем пост“.