Овој регион, богат со наследство и историја, долго време бил крстопат на цивилизации. Нејзините артефакти, споменици и историски локалитети не се само обележувачи на неговото минато, туку и непроценлив придонес во колективната меморија на светското човештво. Денешната работилница, како и претходните две работилници на оваа тема одржани минатата година во Република Северна Македонија, се можност за размена на искуства и согледување на најдобрите практики во борбата против недозволената трговија со културно наследство. Илегалната трговија со културни добра не е само чин на кражба – тоа е напад врз идентитетот, историјата и културата. Кога го штитиме културното наследство, ја чуваме историјата, традициите и идентитетите на безброј генерации.
View this post on Instagram