Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година посветена работа во интерес на државата и граѓаните.
Година на големи предизвици со наследена економија фрлена на колена, држава на раб на банкрот, уништени институции.
Не беше лесно, но со посветена и макотрпна работа, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи кога приоритет ти се државата и граѓаните.
Прво што се направи, се запре слободниот пад на економија и со добро осмислени мерки и политики, за три последователни квартали забележуваме раст на ДБП од три или на 3%.
Со цел поддршка и поттикнување инвестициски циклус, како и реализација на капитални проекти на располагање на стопанството и општините се ставија 500 милиони евра.
Минатата 2024 година заврши со историски највисок износ на странски директни инвестиции од милијарда и 255 милиони евра.
Се преземаа конкретни мерки за подобрува на животниот стандард на граѓаните и се покажа за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност.
Пензиите се зголемија за 5.000 денари линеарно за сите пензионери, а за 10 проценти покачување на платите добија вработените безбедносниот сектор.
Се постигна историски договор со синдикатите во здравство и образование, така што за прв пат раст на платите добија сите вработени во јавно здравствените и образовни установи.
До сега, платите во образованието се зголемија за 12 проценти, а до крајот на мандатот предвидено е да пораснат до 46%, додека во здравство до сега платите на сите вработени се зголемени за 15 проценти а до крај на мандатот истите ќе пораснат за над 40%.
После долги години се прошири позитивната листа на лекови, а матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33%, односно од 75 на 100 денари, додека кај стоматолозите од 23 проценти, од 61 на 75 денари.
Не изостана ниту посветеноста за развој на земјоделие, така што земјоделците имаат партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, при што следи редовна и навремена исплата на субвенциите на земјоделците така што, до сега се исплатени рекордни 9 милијарди денари.
Освен средувањето на пустошот којшто го остави СДС, првата година од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, инфраструктурно се градеше и развиваше Македонија. Во употреба се пуштија два експресни патишта, Страцин – Крива Паланка и Градско Дреново, како и голем број регионални патишта.
Интензивно се работи и на изградба на автопатите дел од Коридорот 8 и 10Д, како и на автопатот Кичево- Охрид од кој во употреба се пушти и првата делница Подмоље до македонскиот туристички центар.Не изостана ниту железничкиот сообраќај, така што во употреба се пушти пругата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар, а интензивно се работи и на втората делница до Крива Паланка.
Дополнително, со помош на историскиот стратешки Договор со Обединетото Кралство, ќе се гради и брзата товарна и патничка пруга од Табановце до Гевгелија, што Македонија ќе ја поврзе со Србија и Грција.Стратешкиот договор со ОК ја потврдува и дипломатската посветеноста на Владата, Македонија да ја позиционира на европската и меѓународна сцена како сигурен и доверлив партнер.
Овој договор, освен што отвара инвестициски циклус од 6 милијарди евра, тој претставува и дипломатска победа за државата, затоа што покрај со САД, Македонија станува стратешки партнер и со втората најмоќна држава во светот.