Ако тргнете од Загреб преку Словенија и живописната провинција Штаерска, патот ќе ве однесе и до австриската граница. Откако ќе ja поминете и ќе возите до самото срце на Австрија, ќе пристигнете во градот Адмонт. Овој мал град со само 2.500 жители би бил само уште едно живописно место во австрискиот пејзаж доколку не крие вистинско богатство. А тоа е стариот бенедиктински манастир и во него најстарата манастирска библиотека на Адмонт.
Тоа е неверојатна градба, со купола, прекрасни фрески, елегантни полици и илјадници книги и документи, пишува „Путни кофер“. Библиотеката Адмонт, која се наоѓа во источното крило на бенедиктинскиот манастир Адмонт во Австрија, е позната како најголемата манастирска библиотека во светот. Оваа импресивна библиотека е долга 70 метри, широка 14 метри и висока 11 метри, со централна купола која достигнува висина од 12,7 метри. Овој простор, поради својата големина, архитектонска убавина и исклучителната колекција на книги, често е наречен „осмо светско чудо“
View this post on Instagram