Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека е објавен Јавен повик за за доделување на финансиска поддршка во вредност од 2.500 денари на пензионерите со ниски пензии со цел подобрување на нивната социјална и економска сигурност. Тој додава дека рокот за поднесување на барања за оваа еднократна финансиска помош започна денес и ќе трае до 20 мај оваа година, или до исцрпување на предвидените средства од општинскиот Буџет по принципот „прв дојден – прв услужен“. Условите кои треба да ги исполнуваат оние кои сакаат да аплицираат за оваа финансиска помош се да бидат жители на Гази Баба, да биде примател на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (право на социјална сигурност) и висината на пензијата да не надминува 23.000 денари месечно.
Потребна документација:
-Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик,
-Фотокопија од лична карта,
-Фотокопија од трансакциска сметка,
-Чек од банка за последна примена пензија,
-За корисници на социјална пензија: Потврда или Решение издадено од Центарт за социјални работи Гази Баба. Стефковски истакна дека за оваа намена, Општината располага со вкупен буџет од 7.7 милиони денари.