Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Едно лице е повредено во вооружена престрелка која се случила попладнево во близина на полициската станица Бит Пазар, во населбата Дуќанџик, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Околу 14 часот денеска во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР. Извор: Новинска агенција МЕТА