Екипа на брзата помош заедно со пациент се заглавила во лифт во подрумските простории на зграда на улица Христо Татарчев бр.47 во скопската населба Кисела Вода. Информацијата ја сподели Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Во 11 часот и 22 минути на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на улица Христо Татарчев, 47, Кисела Вода, Скопје.
Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје“, информираше ЦУК.