27.8 C
Скопје
22/06/2025 09:16
МАКТЕЛ

   

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ АРСИМ ПАПРАНИКУ: „Балфин“ планира да гради голема станбена заедница на семејни куќи во непосредна близина на Скопје

      

Менаџира со бизнис кој е широко распространет во Македонија, но и во регионот. Тој е еден од попознатите балкански бизнисмени. Групацијата во која е дел од менаџерскиот тим, „Балфин“, е сопственик на добро познатиот синџир продавници за бела техника „Нептун, кој слави 30 години постоење на македонскиот пазар, а од пред нецели две години во Скопје сосема успешно функционира и познатиот мол „Ист Гејт“, во чија близина се гради и огромен станбен комплекс. Во ексклузивно интервју за Фактор бизнисменот Арсим Папранику открива колку групацијата „Балфин“ е задоволна од работењето на „Нептун“, но и за деловните резултати на Ист Гејт Мол. Секако, големо внимание предизвикува и неговата најава за еден нов деловен прокет во земјава, за кој допрва ќе откриваме информации…

Господине Папранику, групацијата „Балфин“ и „Нептун“ оваа година прославуваат 30 години од постоењето. Како член на Управниот одбор на групацијата „Балфин“, би сакале ли за редакцијата на „Фактор“ да откриете како сте задоволен од „Нептун“ како бренд на македонскиот пазар? Дали ги оправда или можеби ги надмина очекувањата, какво е Вашето искуство?

Папранику: „Нептун“ во Македонија полека, но сигурно прерасна во најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/аудио/видео, компјутери, телефони, фото-апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење што секако сведочи дека се оправдани и надминати очекувањата. Со самиот факт дека нудиме квалитетни производи, ја добивме довербата на граѓаните која сè повеќе расте и заедно со „Балфин“ сме дел од интернационална мрежа што се потпира на три основни столбови: квалитет, грижа за клиентите и постојано подобрување. Тоа е нашата насока која ја следиме без компромис, а тој пристап верувам дека се одразува и во довербата од нашите потрошувачи. Ретроспективно гледано, инвестицијата беше вистински избор и сум презадоволен од тоа како се движат работите. Се реализираа моите очекувања, но иновацијата и движењето напред нема да престане. Мора секогаш да гледаме три чекори нанапред и да обезбедиме производи кои ќе бидат сублимат на најдобра вредност, квалитет и одржливост за да се задоволат барањата на клиентите.

   

Со колку продажни салони располага моментално „Нептун“ во Македонија и можете ли да ни кажете какви се финансиските резултати на компанијата во минатата година, колкав е остварениот профит и дали има раст во однос на претходните години?

Папранику: Првата продавница на „Нептун“ е отворена во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Потоа се отвораат продавниците во Градскиот стадион во Скопје, како и на репрезентативни локации во Гостивар и во Тетово. Во наредниот период, компанијата продолжи да ги доближува своите услуги до купувачите од другите градови во Македонија отворајќи продавници во Охрид и Куманово, потоа мрежата се шири во Струга, Прилеп и Битола, па  во Штип, Струмица и Кочани. Во 2012 година во Скопје се отвoраат двете најголеми продавници, во Аеродром и „Скопје Сити Мол“ во Карпош, а во следните години се отвораат продавници во Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Чаир, Неготино, Свети Николе и Сарај во Скопје. Со самиот факт дека постојано се шириме, што е резултат на довербата од нашите лојални потрошувачи, секако ни дава можност да растеме и да се развиваме како синџир на продавници. Кога станува збор за профитот, тоа е дел кој го ревалуираме на крајот на секоја година, но можам да кажам дека функционираме како едно семејство кое во секој момент им посакува добредојде на луѓето во продажен простор во кој ќе уживаат. Би додал дека на ниво на групација ги мониторираме воедно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора како потенцијални пазари за експанзија на брендот.

Кон крајот на 2021 година започна реализацијата на првиот дел од големиот проект „Скопје Ист Гејт, односно беше отворен најголемиот шопинг центар во земјата, „Ист Гејт мол“Дали сте задоволни од првата целосна година од работењето? Колкави беа приходите и добивката во 2022 година и дали тие ги исполнија Вашите прогнози и очекувања?

Папранику: „Скопје Ист Гејт“ претставува прв развоен проект во земјата кој вклучува трговски и забавен центар, станбен комплекс и деловен центар. Целта е да се подигне животниот и деловниот стандард и да се внесе нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов концепт на начин на живот.

На вкупна површина од 500.000 м2 се вклучени шопинг гентарот „Ист Гејт Мол“, станбениот комплекс „Ист Гејт Ливинг“ и деловниот центар „Ист Гејт Бизнис“, инвестиција со вкупна вредност преку 300 милиони евра. Идејата е да се обезбеди на едно место можност за забава, шопинг, паркинг простор, домување, и деловно функционирање.

Конкретно „Ист Гејт Ливинг“ е единствениот модерен станбен комплекс од затворен карактер, со служба за одржување и обезбедување 24 часа – секој ден, А+ енергетска класа за градба, плоштад во склоп на самиот комлекс, 25.000 м2 вкупна зелена површина, оддалеченост од кејот на Вардар од само 200 метри, парк-шума Гази Баба на 300 метри, што се одлични можности за рекреација.

Што се однесува до „Ист Гејт Мол” со задоволство можам да посочам дека како бројот на посетители, така и прометот на нашите закупци е во сериозен пораст и се мери во двоцифрени вредности, после само една година од работењето на трговскиот центар.

Во моментов оди кампања за продажба на станови во „Ист Гејт Ливинг“. Можете ли да ни кажете колку вкупно станови има тој комплекс, колку се продадени, дали има интерес и по која цена моментално се продаваат становите?

Папранику: Купувањето на стан кој е граден по највисоки светски стандарди, со квалитетни материјали и енергетско – ефикасен ситем е од големо значење за модерен начин на живеење, што дополнително значи и обезбеден паркинг за сите станари на комплексот „Ист Гејт Ливинг“. Цената зависи од квадратурата, но, мислам дека нудиме опции за сите заинтересирани, и можеби најдобро е да ја погледнат страницата https://eastgateliving.mk/en/ каде ќе добијат најрелевантни податоци за станови според нивните потреби. Севкупно ќе има 10 згради со околу 1.600 станови. Една од најголемите предности е дека секој стан доаѓа со директен и лесен простап до свое паркинг место во подземна гаража, на две нивоа. Секој стан ќе биде опремен со „смарт“ системи за домот, кои го следат ритамот на модерното живеење, со мулти-сплит системот за климатизацијата за ладење и греење за контрола врз температурата во секоја просторија за комплетна удобност.

Можете ли да ни кажете какви се Вашите планови за инвестиции во регионот за наредниот период, ќе ни откриете ли некој нов планиран проект?

Папранику: Во групацијата „Балфин“ се вклучени 7 индустрии меѓу кои се и недвижнини, големо и малопродажба, банкарство, менаџмент на капитал, медиуми, образование и логистика во 8 земји – Холандија, Швајцарија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, а многу скоро и САД.

Во групацијата има над 5.200 вработени, а севкупниот приход во 2021 година беше 755 милиони евра, додека активата е 1,50 милијарди евра. Изградивме мрежа од 220 места за продажба кои секој ден обезбедуваат производи и услуги за околу 80.000 клиенти. Групација како „Балфин“ постојано работи на нови планови, опции, да отвори нови и неотворени врати. За 2023 планирана е инвестиција од над 150 милиони евра во сериозно специфични проекти како Green Coast Resort 2 во Албанија и Vlora Marina – Валона.

Какви се плановите за инвестиции во Македонија, после успехот на „Нептун“ и„Ист Гејт Мол“, можеме ли да очекуваме некоја друга новина и кога тоа би се случило?

Папранику: Моментално работиме на нови инвестиции во „Нептун“, „Скопје Ист Гејт“, „Сервис Македонија“, „НЕП Лојалити“ и „Екон Електрон“. Во следните пет години следува развој на бизнис центарот во мултифункционалниот проект во „Скопје Ист Гејт“ кој ќе биде со севкупна површина од 90.000 квадратни метри позиционирани во 5 блока. Ќе се фокусираме на малопродажната мрежа со план за отворање на ритејл паркови во повеќе градови во земјата со население над 30.000 жители, што би било инвестиција од над 175 милиони евра. За прв пат на нашиот пазар, кој е управуван од растот на индустријата за станбени недвижности и од промената во начинот на живот на луѓето, групацијата ќе воведе DIY (направи сам) продажни објекти кои имаат за цел да им помогнат на клиентите да ги опремат своите домови без потреба од професионална помош. Да заокружиме со планирана инвестиција од над 200 милиони евра за т.н gated community комплекс, односно станбена заедница на семејни куќи (секоја со површина над 1.500 метри квадратни) со строго контролирани влезови и пристап, во непосредна близина на Скопје. Големи предизвици се пред нас во создавањето на можности за нашите клиенти, партнери, како и за просперитет на општеството во кое живееме.

   

Најново

Израел тврди дека убил тројца команданти на иранската Револуционерна гарда

Sase Ivanovski

Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

Sase Ivanovski

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

Sase Ivanovski

Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

Sase Ivanovski

Шеста Парада на гордоста во Скопје со јасен фокус на заедништвото, отпорот и борбата

Sase Ivanovski

Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

Sase Ivanovski

Работна посета на Заменик министерот Исени на СВР Битола

Sase Ivanovski

Дебата „Кажи си ја маката“ во Тетово – треба посилен граѓански притисок врз партиите

Sase Ivanovski

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

Sase Ivanovski

Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада

Sase Ivanovski

Глобалната потрошувачка на пиво се намалува

Sase Ivanovski

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

Sase Ivanovski

Интернет конекциите во Иран се очекува да бидат обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите

Sase Ivanovski

Ирански хакери ѝ се закануваат на Албанија: Иран има право со ракети да го нападне кампот на муџахедините кај Драч

Sase Ivanovski

Ирански официјален претставник: Европските предлози презентирани на состанокот во Женева се нереални

Sase Ivanovski

Од една до 10 години затвор му се закануваат на пријателот на Палчо, осомничен дека го сокрил пиштолот со кој биле убиени Вања и Панче

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор

Sase Ivanovski

Иран поднесе жалба против шефот на МААЕ: Гроси ја загрози неутралноста и кредибилитетот на агенцијата

Sase Ivanovski

Бил Клинтон: Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш

Sase Ivanovski

Макрон: Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Топ 5 намирници за кои мислевме дека се нездрави – но науката вели поинаку

Sase Ivanovski

Момче на 14 години избодено до смрт во Велика Британија: „Постојано велеше дека не сака да умре“

Sase Ivanovski

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

Sase Ivanovski

ОВА НЕ Е ШВАЈЦАРИЈА, ТУКУ ПИРАВА, ВАЛАНДОВО

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Направени се десетици лажни профили со украден идентитет на сите социјални мрежи и од нив системски се испраќаат пораки кон вас.

Sase Ivanovski

Ирански хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на општина Тирана

Sase Ivanovski

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана – 2 милијарди евра!

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

Sase Ivanovski

НИШТО ОД НОВ ВЛАДИН АВИОН: Новиот буџет не дозволува набавка на ново летало

Sase Ivanovski

НЕМА ВЕЌЕ РАЗВОЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Од септември сите службени возила ќе добијат таблици во боја

Sase Ivanovski

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

Sase Ivanovski

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

Sase Ivanovski

ФОКУС: Милијардите како заразна „болест“ кај политичарите: Од времето на Циле, па до сега – ветени 23 милијарди евра, реализирани 0  

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ | Од Преспа преку Кочани до избори, како СДСМ ќе се бори за доверба кај гласачите

Sase Ivanovski

Новото раководство на кошаркарската федерација размислува за промена на името

Sase Ivanovski

МУ ЈА ДАЛ КОЛАТА, А ЗНАЕЛ ДЕКА НЕМА ПОЛОЖЕНО Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид

Sase Ivanovski

Иран: Разговорите во Женева беа сериозни, подготвени сме да продолжиме

Sase Ivanovski

ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ВОЗИМЕ ПО ДЕЛНИЦАТА ПОДМОЉЕ-ОХРИД Еве како изгледа реконструираниот автопат

Sase Ivanovski

ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД ОХРИД Паѓаше град со големина на орев

Sase Ivanovski

ВО ТЕК СЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО НЕКОИ ОПШТИНИ Движењето ЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советници и за градоначалници

Sase Ivanovski

Земјотрес во Албанија, почувствуван e и во Македонија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сплитските пожарникари објавија драматични снимки од пожарите

Sase Ivanovski

Папата Лав 14-ти повикува на донесување етичка рамка за вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Иран: Повеќе од 400 луѓе се убиени од почетокот на војната со Израел

Sase Ivanovski

Советот на Европа бара од Хрватска поголема заштита на мигрантите

Sase Ivanovski

Стручната комисија на министерот за здравство, не најде пропуст за смртта на детето од Кавадарци

Sase Ivanovski

Нутриционистите предлагаат 5 навики кои го олеснуваат внесувањето доволно течности во летниот период

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

МАЛКУ ПРЕТЕРАЛА: АВСТРАЛИЈКА СО ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ ГИ ОТРУЛА РОДИТЕЛИТЕ НА СОПРУГОТ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

Sase Ivanovski

ЕКСКЛУЗИВНО: Помагачот на Палчо кој се сомничи дека го уништил ранецот со пиштол и мотороли бил вработен во Народна Банка како портир, бил проблематичен вработен со многу дисциплински постаки и пред отказ

Sase Ivanovski

УНИШТУВАЧОТ НА СИНИОТ РАНЕЦ НА ПАЛЧО ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ Зоран Давитков ќе треба редовно да се јавува во Судот

Sase Ivanovski

Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната

Sase Ivanovski

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

Sase Ivanovski

Претреси на две локации, откако Велибор Манев кажа дека вработен во Народна Банка по налог на Палевски го фрлил пиштолот

Sase Ivanovski

Важни информации за учениците што се запишуваат во средно училиште пристигнаа од МОН

Sase Ivanovski

Се бара притвор за скопјанецот што пијан со чадор ја удираше сопругата до онесвестување

Sase Ivanovski

Вечерва се пушта за сообраќај делницата Подмоље-Охрид

Sase Ivanovski

Ахмети ги поделил општините со Села и Таравари, се очекува договор за соработка?

Sase Ivanovski

И ХИТЛЕР ВАКА ЗБОРУВАШЕ НА ВРЕМЕТО Путин: Цела Украина е наша

Sase Ivanovski

Меџити за Ахмети и Таравари: Не се здружија за Албанците, туку за „Лотарија“ и „Соравиа“

Sase Ivanovski

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ со зборови албански, со дела против албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки пред претседателите на Собранијата на земјите членки на НАТО: Македонија е доверлив и одговорен сојузник

Sase Ivanovski

Милевски: Преку дигитализацијата градиме модерна држава со транспарентни институции и достапни електронски услуги за сите граѓани  

Sase Ivanovski

Хајрулахи:Единствена причина за хајката против мене се бонусите на СЈО

Sase Ivanovski

ФЕИТ промовираше 180 дипломирани инженери и 40 магистри

Sase Ivanovski

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ во Подгорица: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ

Sase Ivanovski

СДСМ: РЕК Битола е во колапс. Фирма на молер со кривична историја во Германија го „чисти“ комбинатот

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството

Sase Ivanovski

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС РЕПОРТАЖА ОД ВАРШАВА: Најуспешна приказна на ЕУ активно се спрема за војна со Русија, храната и е најслаба страна

Sase Ivanovski

Историска средба меѓу Пашинјан и Ердоган за нормализација на односите меѓу Ерменија и Турција

Sase Ivanovski

Нов бран израелски напади во Иран

Sase Ivanovski

Руската војска за еден ден собори 97 украински дронови

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: Добро утро од Фармата на Тони🌞🌞

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ОВА ЌЕ ЗАВРШИ ТРАГИЧНО: МЕЧКА КОПА ВО КОНТЕЈНЕР ВО СЕЛО ТРЕБИШТЕ ОПШТИНА МАВРОВО

Sase Ivanovski
Вчитувам....