На многу луѓе им е тешко да се опуштат на крајот од денот, па затоа често посегнуваат по разни апчиња за спиење, вклучително и оние без рецепт. Сепак, експертите тврдат дека постои една едноставна навика во исхраната што може да го подобри сонот, и тоа без апчиња. Медицинските експерти од организацијата „Бенеден хелт“ велат дека промената на неколку навики во исхраната може значително да го подобри квалитетот на сонот. Тие предупредуваат дека консумирањето чоколадо, сирење, чипс или сладолед пред спиење може да го наруши сонот, додека постојат намирници кои, напротив, го промовираат, пишува „Мирор“.
Тие препорачуваат луѓето кои сакаат цврст и квалитетен сон да посегнат по намирници кои го стимулираат производството на мелатонин, а бананите се меѓу најистакнатите. „Бананите генерално се одличен избор, но ако обично ги јадете за појадок, размислете да ги консумирате пред спиење во иднина. Тие се меѓу најдобрите намирници за спиење бидејќи содржат високо ниво на магнезиум, кој ги опушта мускулите и го смирува телото“, додаваат тие. Тие советуваат да јадете исечена банана со една лажица природен путер од јаткасти плодови пред спиење иза да би можеле да уживате во помирна ноќ.