Израелски напад врз Иран EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH
Две експлозии одекнаа во централниот и северниот дел на Техеран, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите претходно објавија дека израелските воздухопловни сили започнале нов бран воздушни напади во западен Иран.
Во исто време, иранските државни медиуми објавија дека воздушната одбрана е активирана во западниот дел на Техеран.
Во израелските воздушни напади бил уништен и штабот за вонредни ситуации на иранската војска , изјави денес началникот на Дирекцијата за операции на израелската армија, Одед Басиук.
Според соопштението на ИДФ, преостанатите членови на военото раководство на Иран избегале по нападот, кој се случил преку ноќ.
Басиук изјави дека израелската армија е „подготвена да продолжи да ги елиминира терористите во Иран, еден по еден“, објавува „Тајмс оф Израел“.
По нападот врз командниот центар, во воздушен напад беше убиен Али Шадмани, врвен воен командант на Иран, кој ја презеде функцијата само неколку дена претходно откако неговиот претходник беше убиен од Израел.