Екстремните временски услови како што се бури, град и поплави предизвикаа штета во вредност од 5,7 милијарди евра во Германија минатата година, според Германското здружение на осигурители (GDV).
Експертите истакнуваат дека овие податоци се однесуваат само на штетата покриена со осигурување, додека вистинската штета е значително поголема бидејќи многу имот и моторни возила не биле осигурени, пишува германскиот „Шпигел“. Според GDV, најтешко погодени биле јужните сојузни покраини Баварија и Баден-Виртемберг, кои заедно сочинуваат повеќе од половина од вкупните осигурени загуби – вкупно околу 3,2 милијарди евра.