Против екс-директорот денеска, 29 април, е поднесена пријава за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353, додека против управителот на фирмата е поднесена пријава и за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 ст.4 в.в. и за дело „Соизвршителство“ според чл.22 од Кривичниот законик. Поранешен директор на јавното комунално претпријатие во Струмица е осомничен дека инкасирал во буџетот на оваа институција повеќе од 30.000 евра овозможувајќи ѝ на компанија да користи деловен простор во Градската капела на гробиштата во Градот и да врши дејност оператор на погребални услуги во простор кој не смее да се издава на трети лица за тие намени, велат од МВР за Плусинфо.
Според соопштението првопријавениот З.Г., екс-директор во ЈПКД „Комуналец“ Струмица ја злоупотребил службената положба и во 2022 и во 2023 година потпишал два договори за закуп на просторот на 10 години со второпријавениот Е.Н., управител на компанијата ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ Струмица. „Имено, првопријавениот извршувајќи ја функцијата директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во текот на 2022 година злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба склучил Договор под закуп на деловен простор лоциран во Градска капела на Градски гробишта во Струмица со второпријавениот како управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ ДООЕЛ Струмица со закупнина од 14.200 денари со ДДВ месечно за период од 10 години или вкупно 170.400 денари за една година.