Секое укинување или измена на европските санкции против Москва бара повлекување на руските сили од Украина како главен услов, појасни портпаролот на Комисијата. Земјите од Европската унија обновија два сета европски санкции против Русија за уште шест месеци на крајот на јануари и претходно во март. За да се направат какви било промени, потребно е едногласност меѓу 27-те земји-членки. „Крај на неиспровоцираната агресија против Украина и безусловното повлекување на сите руски воени сили од целата територија на Украина ќе биде еден од главните услови за измена или укинување на санкциите“, рече портпаролот на Комисијата.
Русија вчера соопшти дека Соединетите Држави се согласиле да помогнат во укинување на низата западни санкции и ограничувања за компаниите за храна, вештачко ѓубриво и бродски компании како услов за спроведување на договорот за безбедност на пловидбата во Црното Море. Дипломатите изјавија за Ројтерс дека повеќето од барањата на Кремљ се однесуваат на санкциите и ограничувањата што Европската унија ѝ ги наметна на Москва.