Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Тирана ја повика Европа да ги охрабри преговорите меѓу Украина и Русија без поставување услови, како и да покаже интерес за страдањето на Палестинците во Појасот Газа. Зборувајќи на самитот на Европската политичка заедница, тој рече дека Турција прави сè што може во врска со тековните руско-украински преговори во Истанбул, додавајќи дека се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зборувајќи за Газа, Ердоган ги повика европските земји да покажат потребната подготвеност и интерес за да помогнат во воспоставувањето прекин на огнот. „Невидена катастрофа се одвива во Газа веќе 20 месеци. Мораме да кажеме стоп на ова, мора да кажеме доста е. Агресивниот став на Нетанјаху го загрозува целиот наш регион и луѓето од различни вери. Очекуваме Европа да покаже потребен интерес. Индиферентноста на Европа кон гладот на луѓето во Газа е некомпатибилна со човештвото“, рече тој.